Османи: Натпартискиот консензус за уставните измени го трасира патот на европски односи меѓу Скопје и Софија

Внесувањето на бугарското малцинство во Уставот, односно промената на овој највисок државотворен акт, е важно од две причини, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи.

– Прво затоа што дава насока како ќе се постават македонско-бугарските односи долгорочно во иднина. Додека се обидуваа, Република Бугарија пред сѐ, тие односи да ги става во историски контекст, ние најдовме решение дека тие односи ќе се постават на начин на комуникација меѓу две заедници, мнозински македонски народ и малцинска бугарска заедница, коишто живеат во еден нормален соживот во Република Северна Македонија. Така ќе се трасира и патот на односите меѓу двете земји, на двата народа, нагласува министерот Османи во интервју за Рацин.мк.

Решавањето на ова прашање на ваков начин, истакнува Османи, е важно за втората причина, односно за да продолжи процесот на преговори за членство во Европската Унија.

– Ние ќе мора да постигнеме натпартиски консензус, да ги оставиме оставиме интересите на дневната политика, да седнеме и да ги анализираме сите аспекти про ет контра за уставните измени. Ве уверувам дека и на експертско и на политичко ниво, и на било кое друго ниво, ќе доминираат аргументите „за“ за уставните измени бидејќи тие се во наш интерес, потенцира министерот за надворешни работи.

Тој во интервјуто се осврнува и на, како што вели, културата на дијалог и на компромис, преку која европската идеја може да се прошири во регионот.

– Нашата култура на компромис, култура на дијалог, којашто, за жал, е сѐ поретка не само во регионот, туку и во светот ја прават Северна Македонија референца за тоа како европската идеја може да се прошири во регионот, посочува Османи.

Според него, фактот што имало сериозен прогрес сега во Брисел (во дијалогот Белград- Приштина), фактот што тој прогрес може да добие конечна форма токму во Охрид, има своја симболика.

– Прво заради успесите на Охридскиот рамковен договор нудејќи модел како се решаваат етничките прашања и е признание за Северна Македонија како важен чинител во регионот, односно како контрибутор на стабилност и безбедност во регионот, рефлектирајќи ја на тој начин нашата функционална меѓуетничка демократија, нагласува Османи.

Во интервјуто министерот Османи вели дека „во регионот има две потенцијални слаби алки, слаби точки. Едно е косовско-српскиот спор и второ е Босна и Херцеговина и потешкотиите во функционирањето на Дејтонскиот договор“ и дека „затворањето не едно од овие две прашања ќе биде значителен исчекор во конечно за негово стабилизирање, за помирувањето и за натамошното евро-атлантско консолидирање на Западен Балкан“.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Македонија

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Read more

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Read more

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе