Осомничен за фемицид во Грција најден и уапсен во Северна Македонија

Пакистанец осомничен за фемицид, односно за убиство на неговата девојка во Грција, синоќа, заедно со група нелегални мигранти бил откриен и уапсен во Северна Македонија и предаден на грчките власти, јави дописничката на МИА од Атина.

Пакистанецот на околу 20- годишна возраст беше главниот осомничен за убиството на неговата 17-годишна девојка, што се случи во вторникот во атинска населба и оттогаш му се изгуби секаква трага.

Преку тесната и континуирана соработка на полициите на двете земји, резултираше со апсење на осомничениот Пакистанец.

Од грчкото Министерство за цивилна заштита во чија надлежност е полицијата, соопштија дека имале информации дека осомничениот се наоѓа во северна Грција, со цел да избега во некоја од земјите од централна Европа.

 -Полициските власти во северна Грција веднаш стапија во контакт со соодветните служби од балканските земји и постоеше континуирана и тесна соработка, а се зајакнаа и контролите на граничните премини. Како резултат на засилените контроли, беше откриена група нелегални имигранти во Северна Македонија, во која е утврдено дека беше и осомничениот сторител на грозоморното убиство, соопштија од надлежното грчко Министерство.

Пакистанецот е веќе предаден на грчките власти, а министерот за цивилна заштита на Грција Такис Теодорикакос преку социјалните мрежи информираше дека „осомничениот за убиството на 17-годишната Николета во Атина, ќе биде изведен пред надлежниот обвинител“.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Хроника

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Read more

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Read more

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе