Отказ за Тухел, кој ќе го наследи?

Пари Сен-Жермен го отпушти тренерот Томас Тухел, пренесува германски Sky.

ПСЖ ќе влезе во 2021 година како третопласиран тим на табелата со еден бод помалку од водечкиот Лион и четири порази на 17 натпревари во лигата.

Сепак, тренерот Тухел беше отпуштен ден откако ПСЖ победи со 4:0 против Стразбур.

Bild објави дека Германецот добил отказ лично од спортскиот директор Леонардо, информација што ја пренесоа сите поголеми европски спортски медиуми.

URL
Спорна изјава

Наводно, Тухел доби отказ поради изјавата:

„Во ПСЖ се чувствувам повеќе како политичар или министер за спорт отколку како тренер.“

Потоа се обиде да се „извлече“ со објаснување дека наводно се шегувал на германски јазик, но бил погрешно протолкуван.

„Не реков дека тоа е повеќе политика отколку спорт, ниту дека не се забавувам на тренинзите. Тоа не е точно. Можно е да бев лошо протолкуван. Јас само реков дека ПСЖ е единствен и дека тоа е голем предизвик за мене. Отсекогаш било така“, се обиде да објасни Тухел.

Германскиот стартег пристигна во ПСЖ во 2018 година и освои две шампионски титули, Купот, Лига купот и минатата сезона го однесе тимот до финалето во Лигата на шампиони. Пред францускиот првак, 47-годишниот тренер ги водеше Борусија Дортмунд, Мајнц и Аугсбург.

ПСЖ водеше на 127 натпревари и оствари 96 победи со 20 порази.

Доаѓа Покетино?

Францускиот шампион се очекува наскоро официјално да ја соопшти оваа вест, но и кој ќе го наследи Тухел. Фаворит за оваа позиција е поранешниот тренер на Тотенхем, Маурисио Покетино, кој е без работа од ноември минатата година. Од 2001 до 2003 година, Покетино го носеше и дресот на ПСЖ како играч.

URL
реклама

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Кој потешко ја поднесува самотијата, мажите или жените?

Read more

Утре истекува рокот за аплицирање за снабдување со струја по повластена цена

Read more

180.000 загинати и ранети Руси и 100.000 Украинци, проценува норвешки командант

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе