Откажани над 1.000 летови на Lufthansa поради штрајк на персоналот

Над 1.000 летови на германската авиокомпанија Lufthansa денеска беа откажани поради еднодневниот штрајк на персоналот на аеродромите ширум Германија.

Околу 134.000 патници мораа да ги променат плановите за патување или целосно да ги откажат летовите.

Најмалку 47 поврзувачки летови синоќа беа откажани, јави DPA. Најпогодени се главните центри на Lufthansa во Франкфурт и Минхен, но откажани се летови и во Диселдорф, Хамбург, Берлин, Бремен, Ханофер, Штутгарт и Келн.

Авиокомпанијата испрати и соопштение во кое ги советуваше патниците воопшто да не доаѓаат на аеродромите, бидејќи повеќето шалтери нема да работат.

Синдикатот вчера го најави штрајкот во обид да го зголеми притисокот врз Lufthansa во преговорите за зголемување на платите на околу 20.000 аеродромски работници.

Авиосообраќајот во Европа веќе извесно време е во колапс поради зголемениот број патници и недостигот на персонал на аеродромите.

Тагови
реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Read more

Свет

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Read more

ЕУ ги заострува правилата за мигрантите

Read more

Франција: Напаѓачи убија двајца полицајци и побегнаа со затвореник

Read more

САД ѝ наметнаа тешки царини на Кина

Read more
 

Вести

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Читај повеќе

ЕУ ги заострува правилата за мигрантите

Читај повеќе

Франција: Напаѓачи убија двајца полицајци и побегнаа со затвореник

Читај повеќе

САД ѝ наметнаа тешки царини на Кина

Читај повеќе

МВР со детали за двојното убиство во Стајковци

Читај повеќе

На Токсикологија разрешен Петровски, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Читај повеќе

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа

Читај повеќе

Лога: Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го вратат уставното име

Читај повеќе

Kонтроверзниот закон за странски агенти помина во грузискиот парламент

Читај повеќе