Откриен е нов вид на диносаурус – можел да улови плен поголем од себе

Палеонтолози во Аргентина открија нов вид на диносаурус кој веројатно имал толку слаби раце што тираносаурус рекс би изгледал како Попај во споредба со него.

Овој новооткриен диносаурус, наречен Guemesia ochoai, се смета дека припаѓа на група мали ситнораки месојади познати како абелисауриди, кои некогаш ги населувале Европа, Африка, Јужна Америка и Индија и изумреле пред околу 66 милиони години.

Научниците го открија новиот вид откако го анализираа черепот пронајден во северозападна Аргентина, стар околу 70 милиони години. За разлика од другите абелисауриди, тој имал „неверојатно мал“ череп. Всушност, се работи за абелисаурид со најмал мозок досега.

Можел да фати плен поголем од себе

Друга чудна работа за овие диносауруси беа нивните раце. Без цврсти коски на зглобовите или подвижните зглобови на лактите, абелисауридите не би можеле да ги свиткаат горните „израстоци“, а уште помалку да фатат нешто меѓу прстите. Немале ниту канџи, пишува Science Alert.

Но, не дозволувајте тоа да ве измами. Иако Т. Рекс имал подолги и помускулести раце, абелисауридите сепак можеле да фатат плен многу поголем од себе. Нивните силни вилици и многу остри заби лесно ја компензирале слабоста на нивните предни екстремитети.

Со оглед на тоа дека е пронајден само черепот, тешко е да се каже како изгледал овој вид во споредба со другите абелисауриди. Природонаучниот музеј (NHS) на Обединетото Кралство соопшти дека наликува на диносаурусот Carnotaurus sastrei, но со помала глава и без рогови.

Закржлавени раце?

„Овој нов диносаурус е сосема невообичаен за својот вид. Тоа покажува дека диносаурусите што живееле во овој регион биле сосема различни од оние во другите делови на Аргентина“, рече палеонтологот Ањали Госвами од NHM.

Сè уште не е јасно зошто абелисауридите имале толку мали раце. Експертите претпоставуваат дека тоа се остатоци од екстремитети чија функција со текот на времето се покажала бескорисна.

Студијата First definitive abelisaurid theropod from the Late Cretaceous of Northwestern Argentina е објавена во списанието Journal of Vertebrate Paleontology.

Тагови
реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

„Исплива“ видео: Дали победата на Немо на Евровизија беше наместена?

Read more

Вести

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more

Илон Маск: Наскоро, човечката интелигенција ќе зазема само 1%

Read more

За прв пат на трансатлантски лет се користеше 100% одржливо гориво

Read more
 

Гик

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Читај повеќе

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Читај повеќе
  • play_arrow

Нов гејмерски рекорд: Продадени 12 милиони игри за 12 недели

Читај повеќе
  • filter

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Читај повеќе

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Читај повеќе

Бактерии мутираа во вселената во нешто досега невидено на Земјата

Читај повеќе
  • play_arrow

Илон Маск: Наскоро, човечката интелигенција ќе зазема само 1%

Читај повеќе

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Читај повеќе

Новата верзија на ChatGPT може да флертува и да ги учи корисниците математика

Читај повеќе