Откриен е изгледот на новиот Google Pixel 6.
Во новото видео познатиот типувач Џон Просер тврди дека добил оригинални фотографии и ни покажува како ќе изгледа новата серија.
Новите смартфони ќе се викаат Pixel 6 и Pixel 6 Pro, а нема да биде претставен моделот XL.
Pixel 6 ќе има само две камери, а Pixel 6 Pro има 3 камери. Засега не се објавени повеќе спецификации, но според гласините се очекува смартфонот да прави одлични видеа во затворен простор.
Се очекува и добра стабилизација на фотографиите. Смартфонот најверојатно ќе добие екран од 120 Hz, но наскоро ќе дознаеме повеќе детали.
Она што е очигледно е дека новата серија Pixel 6 има одличен дизајн и се очекува дека овие модели ќе бидат најдобрите досега.