Откриена црна дупка која сама скита низ нашата галаксија

Млечниот Пат би требало да е прошаран со црни дупки. Научниците проценуваат дека има помеѓу 10 милиони и 1 милијарда црни дупки во нашата галаксија.

Има само еден проблем, многу е тешко да се избројат. Тие може да се набљудуваат само ако фатат некој материјал во нивното гравитационо поле; во спротивно се невидливи. Но, меѓународен тим од научници успеа за првпат да открие осамена, мирна црна дупка на нешто помалку од 5.200 светлосни години од нас.

Фатија нешто невидливо

Како го направија тоа? Па, бидејќи во моментов немаме технологија за директно тестирање на црна дупка, треба да погледнеме како таа влијае на просторот околу нас. Бидејќи црните дупки имаат силни гравитациони полиња, тие ја искривуваат и извиткуваат секоја светлина што минува низ нив.

Така, кога нешто невидливо ја засили светлината на далечна ѕвезда, правејќи ја невообичаено посветла, астрономите сфатија дека веројатно минува низ некое гравитационо поле. Овој феномен се нарекува гравитациона микролеќа и се користи за идентификување на мали, матни објекти кои инаку би било речиси невозможно да се забележат со нашите телескопи.

„Ова е прво откривање и мерење на масата на изолирана црна дупка со ѕвездена маса“, напиша тимот астрономи предводен од астрономот Каилаш Саху од научниот институт Space Telescope Science.

Гравитационото поле на црната дупка предизвикува искривување на време-просторот. Кога светлината патува низ гравитационото поле, таа ја следи оваа кривина, предизвикувајќи нејзиниот пат да се „прекрши“, што ја зголемува светлината и донекаде ја поместува привидната позиција на далечната ѕвезда.

„Откривме дека оваа леќа не емитува забележлива светлина, која, со маса поголема од онаа што е можна за бело џуџе или неутронска ѕвезда, потврдува дека се работи за црна дупка“, велат научниците.

Сама скита низ универзумот

На 2 јуни 2011 година, два посебни проекти, Optical Gravitation Lensing Experiment (OGLE) и Microlensing Observations in Astrophysics (MOA), независно го снимија феноменот на микролеќи.

Тоа беше неверојатен настан бидејќи феноменот MOA-11-191/OGLE-11-0462 траеше невообичаено долго - околу 270 дена - и покажа многу големо зголемување. Ова ги заинтересирало научниците и тие решиле да спроведат последователни набљудувања и анализи. Тие ја набљудуваа областа преку вселенскиот телескоп Hubble во осум одделни прилики до 2017 година.

Вооружени со оваа информација, Саху и неговите колеги почнаа да ги анализираат дојдовните бројки и открија дека тие најдобро одговараат на описот на црната дупка. Всушност, дури успеале да ја измерат нејзината големина и маса. Откриле дека е околу 7 пати помасивнa од Сонцето и дека нејзиниот хоризонт е со дијаметар од околу 42 километри.

Така, научниците успеале да забележат невидлив објект во вселената со дијаметар од неколку десетици километри кој е оддалечен повеќе од 5.000 светлосни години од нас - што всушност е неверојатно, пишува Science Alert.

Но, астрономите не застанаа тука со своите изненадувања. Успеале да пресметаат и колку брзо објектот се движи низ Млечниот Пат - 45 километри во секунда. Тоа значи дека не е обична црна дупка, туку онаа која брза низ вселената, а која била фрлена во вселената од супернова; односно експлозијата на ѕвездата од која потекнува.

Студијата An Isolated Stellar-Mass Black Hole Detected Through Astrometric Microlensing е поднесена за објавување во The Astrophysical Journal и е достапна на arXiv.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Наука

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Read more

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Read more

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе