Откриена егзопланета оддалечена од Земјата само 72 светлосни години

Истражувајќи ја оваа блиска егзопланета, научниците открија дека по големината е многу слична на Земјата, дели некои карактеристики, но сепак е прилично различна.

Нашата галаксија претставува огромно пространство во кое се сместени најмалку 100 милијарди планети, за кои за сега е невозможно да се знае многу за нив. Но, научниците ги вложуваат сите напори за барем еден дел од нив да ги испитаат, или барем оние најинтересните, и да дадат одговор на прашањата кои со децении ги мачат. Како она: зошто само на нашата планета настанал живот и дали постои друга планета слична на нашата?

Еден од начините да одговорат на ваквите и слични прашања претставува и проучувањето на планети слични на Земјата, или со други зборови, планети со слична големина, состав, температура и маса, а можеби и цел планетарен систем. Пред сѐ оние кои кружат релативно блиску до мали ѕвезди, бидејќи кај нив е најлесно да се испита атмосферата. Но, она што ја отежнува работата кога станува збор за нивното проучување, е тоа што таквите е многу потешко да се пронајдат отколку големите планети. Досега внатре во Сончевиот Систем на оддалеченост од 100 светлосни години се откриени само 14 планети кои одговараат на описот.

Меѓутоа, сега во нивно друштво потенцијално се најде и K2-415B, егзопланета чиј полупречник е за 1,015 пати поголем од земјиниот. Неа ја откри меѓународен тим истражувачи на чело со Терујуки Хирано од Астролошкиот центар во Јапонија, на основа на податоци од „пензионираниот“ телескоп Kepler и неговиот наследник TESS. Имено, со детална анализа на собраните информации како количина на ѕвездена светлина и нишање, откриени се многу сличности кои ги дели со Земјата, но и една важна разлика - нејзината маса е трипати поголема од нашата планета, што значи дека е погуста.

Според тоа, таа е и поблиску до својата ѕвезда, бидејќи има орбитален период од само 4 дена. Кога станува збор за нејзината атмосфера, сѐ што научниците за сега знаат е дека таа навистина се наоѓа внатре во животопогодниот појас, што им дава можност подетално да ја проучат нејзината атмосфера. Во нашиот Сончев Систем, на пример, Венера се наоѓа внатре во истиот меѓуѕвезден појас, но нејзината атмосфера е густа и опкружена од рефлектирачки облаци сочинети од сулфурна киселина. Поради тоа, научниците сметаат дека нешто слично се случува и на K2-415B, но и дека нејзиниот систем претставува одлична почетна точка за изучување на настанокот на животот на планетите.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Вести

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Read more

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе