Откриена интересна предност на бременоста по 35-тата година

Ново истражување покажа дека подоцнежната бременост има позитивно влијание врз менталното здравје на мајката.

На жените постојано им кажуваат дека нивниот „биолошки часовник отчукува“, ги охрабруваат и поттикнуваат да забременат пред да биде „доцна“ и слично. Сепак, новото истражување покажа дека доцната бременост има позитивно влијание врз психолошкото здравје на мајката.

Иако многу истражувања претходно покажаа дека подрастично опаѓање на плодноста не се случува пред 40-тата година и дека не треба да се плашите од неплодност во триесеттите, новото истражување покажа уште една предност на бременоста по 35-тата година.

Истражувањето е објавено во Journal of the American Geriatrics Society, а истражувачите откриле дека подоцнежната бременост позитивно влијае на мозокот на мајката, односно го спречува губењето на меморијата подоцна во животот.

Истражувањето било спроведено на 830 жени во постменопауза и биле тестирани нивната вербална меморија, функционални вештини и општи перцепции. Истражувачите ја разгледале возраста кога жените го добиле првиот циклус, кога забремениле, бројот на бремености и други фактори за да го проценат влијанието на бременоста и возраста на жената врз нивното ментално здравје.

Тие откриле дека учесниците чија последна бременост била по 35-годишна возраст имале подобра меморија, а оние кои го добиле првиот циклус пред 13-тата година имале подобра општа перцепција. Исто така, истражувањата покажаа дека жените кои го добиле своето прво дете на возраст од 15 до 24 години имале послабо здравје и функционални вештини во четириесеттите години.

Големото зголемување на нивото на хормоните за време на бременоста позитивно влијае на мозокот на мајката, а истражувачите заклучиле дека поради подоцнежната бременост, овие позитивни промени во мозокот траат подолго.

„Иако не е доволно да ги советуваме жените да чекаат до 35-тата година за да родат друго дете, нашето знаење за позитивното влијание на бременоста по 35-тата година врз здравјето на мајката подоцна во животот е многу значајно“, велат од авторот на истражувањето, д-р Роксана Карим. Значи, ако некој некогаш ви каже дека вашиот „биолошки часовник отчукува“, само кажете му дека бројките не лажат.

Тагови
реклама

Здравје

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Read more

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Read more

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Read more

Храна што треба да ја одбегнувате по 40-тата година

Read more
 

Магазин

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе
  • play_arrow

Како зелениот чај може да помогне во губењето тежина?

Читај повеќе