Откриена непозната планета со океани што вријат, вода врела како за готвење

Океанскиот свет што врие најмногу се разликува од другите егзопланети по хемискиот состав на неговата атмосфера, која е исклучително богата со водород, додека водата достигнува температура до 100 степени Целзиусови.

Хипотетичка претстава на TOI-270 d

Една планета, поточно егзопланета, оддалечена само 70 светлосни години од Земјата, неодамна привлече големо внимание кај научниците. Група астрономи ја откриле користејќи податоци добиени од вселенскиот телескоп James Webb.

Откако ја проучувале, научниците велат дека планетата може да биде зовриен океански свет доволно жежок за да се готви во нејзините води. И поради нејзиниот гасовит состав, таа е опишана како „помал Нептун“, иако не е сосема јасно дали навистина личи на Нептун (на сликата погоре).

Откривањето на новата планета, која истражувачите ја нарекоа TOI-270 d, е детално објавено во труд објавен во списанието Astronomy & Astrophysics. Таа е една од трите егзопланети во системот TOI-270, уште наречен и L 231-32, во соѕвездието Сликар, која орбитира околу црвена џуџеста ѕвезда.

НАСА ја опишува TOI-270 d како „егзопланета слична на Нептун која орбитира околу ѕвезда од типот М. Нејзината маса е 4,78 поголема од Земјата, потребни ѝ се 11,4 дена за да заврши една орбита околу својата ѕвезда и е оддалечена 0,0721 ае (астрономска единица) од нејзината ѕвезда. Нејзиното откритие беше објавено во 2019 година“.

Новооткриениот свет на зовриени океани најмногу се разликува од другите егзопланети по хемискиот состав на неговата атмосфера. Астрономите известуваат дека се чини дека го прикажува она што се нарекува „хикеански свет“ (hycean - кованица од англиските зборови hydrogen (водород) и ocean (океан), што значи дека оваа егзопланета има голем океан и атмосфера исклучително богата со водород.

Научниците, врз основа на детална анализа на други податоци добиени од телескопот James Webb, исто така веруваат дека океаните на оваа егзопланета се доволно жешки за нивната вода да врие, односно да достигне температура до 100 степени Целзиусови.

Сепак, не сите се согласуваат за состојбата на овој „зовриен“ океански свет. Некои астрономи веруваат дека податоците собрани од телескопот покажуваат многу поинаков состав на планетата, пренесува BGR. Односно, наместо да биде жешка и полна со океани, некои веруваат дека планетата има карпеста површина, и дека е покриена со исклучително густа атмосфера од водород и исклучително топла пареа.

Без разлика кој во која претпоставка верува, двете толкувања им нудат на научниците многу интересна планета за понатамошно проучување. Можеби ќе биде неопходно да се испрати сонда до егзопланетата за да ја истражи, но астрономите сè уште не се во позиција да го сторат тоа.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Вести

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Read more

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе