Откриени 30 мумии во семејна гробница, меѓу погребаните има и деца

Археолозите ги открија мумиите во уникатна семејна гробница скриена во опожарена градба.

Скриени во опожарена жртвена градба во близина на реката Нил во Асван, Египет, археолозите го открија влезот на семејна гробница стара 2.000 години.

Внатре пронашле 30 мумии од различна возраст, меѓу кои и неколку постари лица заболени од артритис, како и деца и новороденче.

Иако археолозите допрва треба да ја датираат гробницата, тие се сомневаат дека едно семејство ги закопувало своите мртви во неа во текот на генерации кои се протегаат од првиот век п.н.е. до вториот или третиот век од нашата ера), според Патриција Пјачентини, професорка по египтологија и египетска археологија на Универзитетот во Милано, која беше ко-директор на ископувањето.

Оваа нова гробница е една од повеќе од 300 неодамна откриени околу Мавзолејот на Ага Кан, градба од розов гранит изградена во 20 век што се наоѓа на врвот на благ рид покрај реката Нил. Но, додека повеќето од другите гробници биле пронајдени под земја или ископани во карпести ридови, оваа конкретна гробница била единствена по тоа што била пронајдена во поголема надземна структура, за која истражувачите сметаат дека најверојатно била користена како место за жртвување.

Изгледа дека поради својата положба покрај долина со пристап до некрополата, оваа градба се користела како свето место каде што на богот Кнум му се принесувале жртви.

Поддржувајќи ја неговата употреба како место за жртвување, Пјачентини и тимот откриле знаци на оган на ѕидовите на градбата, веројатно од принесување церемонии; но некои од огнените траги можеби се направени и од ограбувачи на гробници, додаде таа. Како и да е, внатре во таа изгорена градба, тие открија животински коски, остатоци од растенија и маси за жртвување. Исто така, внатре била скриена мумија на човек до бакарен ѓердан на кој е изгравирано неговото име „Никостратос“.

На дното на скалите што водат до влезот на гробницата археолозите најдоа скршена вазна за принесување жртва во која сè уште имаше мали плодови. Гробницата, која била составена од четири длабоко ископани комори, содржи остатоци од околу 30 мумии.

Некои од мумиите се многу добро сочувани, како што се останки на дете сместени во теракотен саркофаг, додека други имале завои и картонажа, материјал што древните Египќани го користеле за обвиткување мумии, расечени од ограбувачи. Истражувачите откриле и нож со железно сечило и дрвена рачка што можеби го користеле ограбувачите. Истражувачите, исто така, велат дека Никостратос веројатно бил внатре во гробницата заедно со другите 30 мумии, но бил изнесен од ограбувачите.

Ископувањето беше заедничко вложување помеѓу Зоната на антиквитети во Асван и Нибија во Египет и од Универзитетот Милано во Италија; Истражувачите продолжуваат да ги анализираат и датираат наодите.

„Испитувањето на новооткриената градба допрва започнува“, рече Пјачентини.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Вести

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Read more

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more
 

Гик

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе