Откриени детали за батеријата и брзината на полнење за серијата Samsung Galaxy S23

Се очекува Samsung да ја претстави флегшип серијата Galaxy S23 во февруари следната година. Сега добиваме информации за батериите и полнењето на овие модели.

Познатиот типстер Ice Universe сега известува дека Galaxy S23 и Galaxy S23 Plus ќе имаат малку зголемен капацитет на батеријата во споредба со нивните претходници. За жал, брзината на полнење ќе остане идентична.

Така, тој наведува дека обичниот Samsung Galaxy S23 ќе пристигне со капацитет на батерија од 3900mAh, со поддршка за брзо полнење од 25W. Ова е зголемување од 200 mAh во однос на Galaxy S22.

URL

Samsung Galaxy S23 Plus, исто така, ќе има 200mAh поголема батерија во споредба со батеријата од 4700mAh што се наоѓа на претходниот модел. И Galaxy S23 и S23+ ќе пристигнат со поддршка за брзо полнење од 25 W.

Најмоќниот член на оваа серија, Samsung Galaxy S23 Ultra, ќе пристигне со истата батерија како и неговиот претходник. Станува збор за батерија од 5000 mAh со поддршка за брзо полнење од 45 W.

Дополнително, протекоа и првите промо фотографии за телефоните Galaxy S23 Ultra и Galaxy S23+. Вториот е прикажан во розова боја, додека S23 Ultra е прикажан во зелена боја.

Според некои извештаи, серијата Galaxy S23 би можела да биде лансирана на самиот почеток на февруари следната година, поточно на 1 февруари 2023 година. Сепак, има некои други извештаи кои сугерираат дека оваа серија ќе биде лансирана во втората половина на февруари.

Во секој случај, очекуваме Samsung наскоро официјално да го објави датумот на претставување на новата серија телефони.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Мобилни

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Read more

Tи се игра „змија?“

Read more

Kои се најпродаваните телефони во првите три месеци од 2024 година?

Read more

Веќе кружат гласини: Apple ќе го претстави iPhone 17 Slim во 2025 година

Read more
 

Гик

  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе
  • play_arrow

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Читај повеќе

Игрицата EA FC ја губи лиценцата за Интер во следното издание

Читај повеќе

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Читај повеќе

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Читај повеќе