Откриени седум нови коронавируси кај лилјаци во Африка

Во африканската држава Габон научници открија седум нови видови на коронавирус, но сè уште не е познато дали можат да преминат на човек и да предизвикаат нова пандемија, пишува New Scientist.

На научниците од претходно веќе им е познато дека коронавирусите може да преминат од лилјак на луѓе и да предизвикаат сериозни болести како што беше епидемијата на SARS во 2002/2003 година и пандемијата на COVID-19. За двете болести се смета дека се настанати откако коронавирусот од лилјак и веројатно преку посредник преминал на човечката популација.

Повеќето досега идентификувани видови на коронавирус кај лилјаци се пронајдени кај азиските видови, но сè повеќе од нив се откриваат и кај африканските лилјаци.

Гаел Маганга од Меѓународниот центар за медицински истражувања Franceville во Габон и неговите колеги неодамна тестирале повеќе од 1.000 лилјаци кои живеат во пештерите низ земјата и откриле дека 18 од нив имаат коронавирус.

Со генетско секвенцирање е утврдено дека станува збор за 7 нови коронавируси пронајдени кај лилјаци кои јадат инсекти. Пет од седумте нови вируси тесно се поврзани со познат коронавирус наречен хуман коронавирус 229E кој кружи меѓу луѓето од 60-тите години на минатиот век кога и е идентификуван, а кој обично предизвикува само благи симптоми на настинка.

Експертите затоа претпоставуваат дека новите видови исто така би можеле да преминат на луѓето и да предизвикаат благи симптоми или дури и сериозна болест, но потребни се дополнителни истражувања за тоа да се потврди.

URL
Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Наука

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more
 

Гик

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе