Откриено која е најдобрата возраст на жената за раѓање здраво дете

Се прашувате која е најдобрата возраст за раѓање дете?

Студија што опфати повеќе од 31.000 породувања покажа дека децата родени од жени на возраст од 23 до 32 години имаат најмал ризик од вродени дефекти.

Тинејџерките и жените во раните дваесетти години имале поголема веројатност да раѓаат деца со дефекти на централниот нервен систем, кои влијаат на развојот на мозокот и 'рбетот, додека бременостите на жените во зрели години најчесто се поврзуваат со деформитети на главата, вратот, очите и ушите.

Научниците од Универзитетот Семелвајс во Унгарија ги анализираа податоците за 31.128 бремености со потврдени нехромозомски вродени дефекти, забележани во официјалната унгарска база на податоци помеѓу 1980 и 2009 година. Тие ги споредија тие податоци со повеќе од 2,8 милиони раѓања во земјата во истиот 30-годишен период.

Севкупно, ризикот од вродени дефекти се зголемил за околу една петтина кај жените под 22 години во споредба со оние во идеалниот опсег на возраст од 23 до 32 години. Исто така, ризикот од вродени дефекти кај жените постари од 32 години бил за 15 отсто поголем.

Откритието се однесува на вродени дефекти кои не се под влијание на гените на мајката

Наодите се однесуваат на нехромозомски и негенетски вродени дефекти кои не се под влијание на гените на мајката. Негенетските, нехромозомски причини за вродени дефекти вклучуваат консумирање алкохол и тутун за време на бременоста, присуство на одредени медицински состојби и употреба на одредени лекови за време на бременоста.

„Можеме само да претпоставиме зошто постои поголема веројатност дека некои нехромозомските аномалии при раѓање ќе се појават кај одредени возрасни групи. Кај мајките на поодмината возраст, акумулацијата на влијанија како изложеност на хемикалии и загадување на воздухот, влошување на механизмите за поправка на ДНК и стареење на јајце-клетките и ендометриумот може исто така да играат улога“, вели д-р Богларка Пето, доцент на Универзитетот Семелвајс и авторка на студијата.

Извештајот беше објавен во BJOG: International Journal of Obstetrics & Gynaecology.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Здравје

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Read more

Мастурбирањето го намалува ризикот од рак на простата

Read more

Два пијалака кои се најлоши за здравјето на цревата

Read more
 

Магазин

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе