Ова е електричното Audi што ќе му дише во врат на Tesla Model S

Германскиот автомобилски гигант го претстави својот прв електричен модел Audi e-tron GT кој се најавува како сериозна конкуренција на популарниот американски електричен автомобил Tesla Model S.

На Audi e-tron GT може да се гледа и како малку поевтина верзија на електричниот Porsche Taycan, со оглед на тоа дека ја дели механичката платформа и одредени компоненти со овој автомобил.

Германскиот производител претстави две верзии - стандардниот e-tron GT quattro и екстремната варијанта што ја носи ознаката RS e-tron GT.

URL

„Основниот“ модел, e-tron GT, има два електромотори - по еден на секоја оска, а вкупната моќност на погонскиот систем е 476 КС (350 kW), додека максималниот вртежен момент е 630 Nm. Менувачот е автоматски, со две брзини.

Како и со претходно претставените кросовери од семејството Audi e-tron, моделот GT исто така има функција „boost“ што му овозможува привремено (доколку е потребно) да ја зголеми моќноста на 530 коњски сили.

URL

Audi e-tron GT quattro забрзува од 0 до 100 км/ч за 4,1 секунди и има максимална брзина од 245 км/ч. Електричната енергија се чува во литиум-јонска батерија со капацитет од 93,5 kWh. Од Audi наведуваат дека со помош на брз полнач, батеријата може да се полни 5-80% за 23 минути. Автономијата на возење со полна батерија е до 487 километри, според стандардот за мерење WLTP.

Од друга страна, „top“ верзијата RS e-tron GT има 598 КС (440 kW) и 830 Nm, а опцијата „boost“ овозможува привремено зголемување на моќноста до 646 КС. Од место, автомобилот достигнува 100 км/ч за 3,3 секунди, додека максималната брзина е 250 км/ч.

Remote video URL

Интересно, Audi нуди како опција вештачки звук на моторот што ќе се емитува во кабината преку звучници.

Audi e-tron GT и RS e-tron GT ќе се произведуваат во Некарсулм, а цената во Германија започнува од 99.800 евра за основниот модел и од 138.200 евра за верзијата RS.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Авто новости

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Read more

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Read more

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Read more

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more
 

Автомобили

  • filter

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Читај повеќе

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе