Овермарс не е единствениот манијак во клубот - скандал се заканува да го уништи Ајакс

Скандалот со Марк Овермарс кој поради сексуално вознемирување ја напушти функцијата спортски директор, се заканува да го уништи Ајакс.

Како што одминува времето, истрагата за однесувањето на Овермарс може да влијае на целиот клуб од Амстердам и да сруши сè како домино.

Според холандските медиуми, Овермарс малтретирал најмалку 11 жени во клубот, на кои им испраќал непристојни фотографии.

Сепак, тоа е самиот врв на сантата мраз.

Овермарс долго време малтретирал жени вработени во клубот и тоа им било познато на неговите соработници. Наводно го нарекувале „напален чичко“, но тоа го толерирале додека не „претерал“.

Жените кои, логично, сакаат да останат анонимни, се плашеа да излезат во јавноста со обвинувања против најбогатиот и најмоќниот клуб во земјата.

Атмосферата во Ајакс се опишува како „пенис култура“, со стереотипни шеги за жените кои често биле критикувани поради нивниот изглед. А тие што ја поминувале границата не биле санкционирани. Мажите тајно ги фотографирале своите колешки, а потоа си коментирале во група.

Еден играч отворено ѝ „предложил“ на една вработена да најдат во кабина, а истата жена рече: „Како жена во Ајакс, мора да имаш двоен слој на кожа. Ако немаш, станува незгодно“.

Жените не сакаа да излезат јавно со тврдењата.

„Постои огромен однос на моќ. Ако не прифатите, брзо исчезнувате. Сексизмот е во клупската култура“, вели друга.

Овој скандал може да го потресе трофејниот клуб од дното нагоре, а Овермарс да биде само првото домино.

Последниот годишен извештај на Ајакс покажува дека 26% од 408 вработени со полно работно време во клубот се жени.

А генералниот директор Едвин ван дер Сар е најмногу за зголемување на бројот на жени во клубот.

Јавноста очекува по Овермарс клубот наскоро да го напуштат и други челници, како директорот Ван дер Сар, уште еден легендарен репрезентативец.

Едно е речиси сигурно, тешко е да се очекува дека по овој скандал на тренерската позиција ќе остане Ерик Тен Хаг, кој е првиот „пик“ на Манчестер Јунајтед.

И спонзорите не се имуни на сето тоа.

Главниот спонзор „Ziggo“ е забележан дека „внимателно го следи развојот на ситуациите“. Доколку се повлече, на Ајакс му се заканува колапс во секој поглед.

URL

Скандалот го потресе Ајакс во време кога клубот од Амстердам е на врвот од средината на 90-тите.

Овермарс е еден од архитектите на тој успех, како директор од 2012 година, кога започна новиот подем на Ајакс. Под негова контрола, Ајакс ја врати титулата на „Јохан Кројф Арена“, играше во финалето на Лигата на Европа и полуфиналето на Лигата на шампионите. А клубот продаваше играчи на европски гиганти за стотици милиони евра.

Сето тоа доведе до тоа истите тие клубови да го бараат Овермарс, кој пред само неколку дена ја продолжи верноста кон Ајакс до јули 2026 година.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Фудбал

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more
 

Спорт

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе