Овие роботи можат да засадат цела шума за еден ден

Универзитетот во Тарту во Естонија и Milrem Robotics развија два вида автономни роботи кои можат да засадат илјадници садници дрвја за само еден ден.

Функцијата на едниот модел е да сади, додека другиот модел на робот има функција на косење. Роботите можат да работат во тандем.

Multiscope Forester Planter е опремен со модуларен систем со капацитет за садење од 380 садници. Milrem Robotic истакна дека не е погоден за тешки терени и временски услови.

Multiscope Forester Brushcutter е дизајниран за потежок и понепристапен терен и е опремен со систем за косење и со сензори.

Двата робота можат да се движат со брзина до 20 км/ч, при што Forester Planter може да засади хектар земјиште за 5 до 6,5 часа во зависност од теренот и видот на дрвјата.

Роботите можат да работат во тандем, при што Brushcutter коси и го расчистува теренот, а Planter засадува дрвја. За навигација користат ласерски базирани камери LiDAR, како и GPS. LiDAR создава тродимензионална геометриска претстава на околината и им овозможува на роботите да се движат автономно.

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Вести

Winamp се враќа во полн сјај

Read more

Зошто пчелите произведуваат мед? 7 тајни од светот на пчелите

Read more

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Read more

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more
 

Гик

Winamp се враќа во полн сјај

Читај повеќе
  • filter

Зошто пчелите произведуваат мед? 7 тајни од светот на пчелите

Читај повеќе

Дали Facebook може да ве извести кога некој ќе направи скриншот од ваша содржина?

Читај повеќе

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Читај повеќе

Интервју со Иван Брзовски: Magenta TV – редефинирање на телевизијата во дигиталната ера

Читај повеќе

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе