Пациентите по COVID-19 страдаат од посттрауматско нарушување, анксиозност и кошмари

Новите податоци сугерираат на околу една третина од пациентите кои преживеале COVID-19, по болеста се борат со симптоми на посттрауматско стресно нарушување (ПТСН). Некои пациенти пријавиле дека се бореле и со анксиозност и кошмари по боледувањето.

ПТСН може да се појави кај луѓе кога симптомите на психолошка траума го нарушуваат секојдневното функционирање и траат повеќе од еден месец.

Според една италијанска студија објавена во списанието JAMA Psychiatry, дури една третина од луѓето кои преживеале COVID-19 исто така може да имаат ПТСН. Студијата опфатила 381 пациент, а резултатите сугерираат дека жените може да бидат повеќе склони кон ПТСН.

Резултатите покажале дека 115 лица или 30% имале ПТСН. Некои други дијагнози, како што се епизоди на депресија (17% од испитаниците), анксиозно растројство (7%) и психотично нарушување (0,2%), исто така, биле пријавени кај некои субјекти.

Оваа студија е во согласност со другите студии кои ги проучувале невролошките последици од COVID-19. Досегашните студии покажаа дека некои пациенти можно е да се борат со кошмари и анксиозност со месеци по болеста.

„Ова е загрижувачко“, изјави за CTV News д-р Делфина Јанири, психијатар од Универзитетската болница Гемели и главен автор на студијата.

Со оглед на тоа што пандемијата на коронавирус сè уште трае, заздравувањето дополнително се отежнува. Лекарите откриле дека ако не се лекува, ПТСН по COVID-19 може да доведе до депресија, анксиозност и злоупотреба на супстанции во обид да се справат со симптомите.

Истражувачите кои ја спроведоа гореспоменатата италијанска студија наведуваат дека ограничувањето на студијата е мал примерок, но дополнителни пообемни студии може да откријат повеќе информации што би помогнале во превенција и третман на овие дијагнози.

реклама

Здравје

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more
 

Магазин

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе