Пад на Волстрит

На Волстрит денеска паднаа берзанските индекси бидејќи инвеститорите се загрижени за слабеењето на трошоците, главниот двигател на економијата и неизвесноста околу преговорите за зголемување на задолжувањето на државата. Dow Jones загуби 1,01 отсто, на 33.012 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,64 отсто, на 4.109 поени, а индексот Nasdaq 0,18 отсто, на 12.343 поени.

Серијата податоци што укажуваат на забавување на растот на американската економија продолжи и вчера со податоците за потрошувачката. Продажбата на мало се зголеми за 0,4 отсто во април, многу помалку отколку што очекуваа аналитичарите во анкетата на Reuters.

На слабост на потрошувачката предупреди и малопродажниот синџир Home Depot, кој во последниот квартал оствари послаби деловни резултати од очекуваните и ги намали проценките за заработката за целата година.

Растот на најголемата светска економија постепено се забавува, откако американската централна банка драстично ги зголеми каматните стапки за да ја ограничи инфлацијата. Сепак, прашање е колку долго инфлацијата ќе остане на покачени нивоа.

ФЕД: Намалувањето на каматните стапки нема да дојде наскоро

Инвеститорите се надеваат дека инфлациските притисоци значително ќе се намалат во наредните месеци, што ќе му овозможи на ФЕД да започне со намалување на каматните стапки на крајот на годината.

Сепак, претставници на ФЕД велат дека инфлацијата ќе остане покачена некое време и дека намалувањето на каматните стапки нема да се случи наскоро. Впрочем, некои велат дека може да има дополнително зголемување на каматите.

Внимателни се и инвеститорите поради неизвесноста околу преговорите меѓу демократите и републиканците за зголемување на плафонот за задолжување на државата. Доколку до 1 јуни не се постигне договор во Конгресот, федералните власти нема да можат да ја финансираат работата на некои државни институции.

Цените на акциите вчера благо паднаа и на европските берзи. Лондонски FTSE индексот ослабе за 0,34 отсто, на 7.751 поен, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,12 отсто, на 15.897 поени, а париски CAC за 0,16 отсто, на 7.406 поени.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Бизнис

Европските инвеститори претпазливи, индексите благо паѓаат

Read more

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Read more

Ворен Бафет конечно откри во што инвестирал милијарди долари

Read more

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Read more
 

Вести

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Читај повеќе

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Читај повеќе

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Читај повеќе

Демири не кажа дали договорците од Токсикологија се стручни: Тоа прашање требаше да го поставите лани

Читај повеќе

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Читај повеќе

Шпанија не дозволи закотвување на брод со околу 27 тони експлозив кој пловел за Израел

Читај повеќе

Белгискиот премиер го тужи новинарот кој повика на негово убиство

Читај повеќе