Паднат процентот на заболени од тестирани во однос на минатата недела

Институтот за јавно здравје го објави извештајот за состојбата со COVID-19 во земјава за периодот од 27 јули до 2 август 2020 година.

Министерот за здравство Венко Филипче како поважни заклучоци од извештајот ги истакна следните:

R0 факторот на преносливост на вирусот покажува позитивен тренд на намалување кој изнесува 0,9, а во континуитет речиси еден месец е околу 1. 

Продолжува и трендот на намалување на бројот на новозаболени и починати лица, а се бележи и значително зголемување на бројот на оздравени лица во однос на претходната недела според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје објавен денес за периодот од 27 јули до 2 август 2020 година.

Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија

ИЈЗ известува дека во дадениот период направени се вкупно 9.709 тестирања (146 повеќе од периодот 20–26 јули) и регистрирани се 912 позитивни случаи на COVID-19 што е за 4,6% помалку од претходната недела. Во периодот на известување благо намалување има и во процентот на позитивни од тестирани случаи, кој изнесува 9,4% (претходната недела 10% од тестираните беа позитивни).

Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=11.127)

Новозаболени се регистрирани во 28 града при што најголем процент на новозаболени има во Скопје (27,9% - бележи благо намалување три недели по ред), во Штип (12,2%) и во Гостивар (11,2%). Во 19 града во земјата, за истиот период, бројот на новопотврдени случаи е под 20.

Графикон 2.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според ден на лабораториска дијагностика и начин на стекнување на болеста, 2020 година (n=11.127)

Во однос на старосната структура на новозаболените во овој период најголем процент се лица над 60 години – 22,9%, а поголем број на заболени се регистрира и кај лицата на возраст помеѓу 30-39 години - 19,4%. Во возрасната група 40-49 години се 17,9% од новозаболените, а во групата 50-59 години - 17,8%. Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 години - 3,1% и 10-19 години 5,0%.

Графикон 3.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според недела на лабораториска дијагностика, 2020 година (n=11.127)

Од случаите кои се епидемиолошки истражени, хоспитализирани се 136 лица или 15,7%, а кај 277 лица или кај 32,2% регистрирано е присуство на коморбидитети.

Од вкупниот број на епидемиолошки истражените новозаболени 38,1% имале контакт со потврден случај на COVID-19, а 21 лице (исто како и претходната недела) имале историја за патување во странство во минатите 14 дена.

Графикон 4.  Дистрибуција на смртни случаи од COVID-19 во С. Македонија според дата на смрт, 2020 година (n=501)

Во периодот 27 јули – 2 август регистрирани се 1.032 оздравени лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е за 378 лица или 36,6% повеќе од претходната недела на известување (20 - 26 јули).

Во периодот 27 јули до 2 август, регистрирани се 29 смртни случаи, што е намалување од 14,7% во однос на минатата недела. Најголем дел од случаите се лица над 60 години - 75,9%. 24 од случаите се починати во болнички услови, а 5 вон болнички. Кај 23 од смртните случаи (79,3%) регистрирани се претходни коморбидитети.

Графикон 5.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според исход и вкупен број, 2020 година (n=11.127)

ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19

Проценката на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е висок.

На територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба.

Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека:

Скопје, Штип, Гостивар и Куманово се во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).

Македонски Брод, Демир Хисар, Кичево, Виница и Струга се во фаза 3 (локализирана трансмисија).

Останатиот дел од Република Северна Македонија е во фаза 2 (спорадични случаи).

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Македонија

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Read more

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Read more

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Read more

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Read more
 

Вести

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Читај повеќе

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Читај повеќе