Пандев објави крај на репрезентативната кариера

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев соопшти дека става крај на репрезентативната кариера по утрешниот натпревар против Холандија на Европското првенство.

– Да, ова е мој последен натпревар во дресот на Македонија. Ова е крај на мојата кариера во репрезентативниот дрес. Мислам дека оваа генерација го направи најголемиот успех во историјата на македонскиот репрезентативен фудбал, и сметам дека е вистински момент да се збогувам од националниот дрес, изјави вчера Пандев на официјалната прес-конференција во Амстердам.

– На моите соиграчи им посакувам да се пласираат на Светското првенство. Верувам дека можат да го остварат тоа, бидејќи станува збор за фантастични играчи, посочи Пандев.

Натпреварот против Холандија е закажан за денеска со почеток од 18 часот, а ќе биде 122. за 37-годишниот Пандев од неговото деби во националниот дрес во 2001 година во мундијалските квалификации против Турција.

Пандев ќе се збогува со националниот дрес како фудбалер со најмногу настапи и најдобар стрелец со во историјата на македонскиот репрезентативен фудбал со 37 голови, вклучувајќи го и историскиот прв на Европските првенства, што го постигна против Австрија на 13 јуни во рамки на првото коло од групата Ц на ЕУРО 2020.

-Среќен сум што сум дел од овој тим, кој направи историја. Едвај чекаме да започне утрешниот натпревар и да дојдеме до позитивен резултат, порача Пандев пред натпреварот на „црвено – жолтите“ на ЕУРО 2020 против Холандија. 

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Парма се врати во Серија А

Read more

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more
 

Спорт

Парма се врати во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе