Папата Франциск назначи 10 нови светци

Папата Франциск денеска прогласи 10 лица за светци, меѓу кои еден холандски свештеник, борец против нацизмот, убиен во концентрациониот логор Дахау и францускиот монах пустиник убиен во Алжир.

Папата (85) беше донесен до олтарот во инвалидска количка поради болки во колената и нозете. На плоштадот Свети Петар имаше повеќе од 50.000 луѓе, што е еден од најголемите собири по ублажувањето на рестриктивните мерки воведени поради ковид пандемијата.

Тој ги прочита имињата на канонизираните лица, а по прогласувањето на секој за светец, насобраните скандираа.

Холандскиот свештеник Титус Брандсма бил член на кармелитскиот верски ред и директор на Католичкиот универзитет во Најмехен. Тој отворено зборувал против нацистичката идеологија уште пред Втората светска војна и германската инвазија на Холандија во 1940 година.

Брандсма бил уапсен во 1942 година. Прво бил задржан во холандски затвори, а потоа одведен во злогласниот логор Дахау, каде што бил подложен на биолошки експерименти. На крајот бил погубен со смртоносна инекција на 61-годишна возраст.

Вториот новопрогласен светец е Шарл де Фуко, француски благородник, војник, истражувач и географ од XIX век, кој подоцна се преобратил и станал свештеник и живеел како пустиник меѓу сиромашните Бербери во Северна Африка. Убиен бил во Алжир во 1916 година.

Меѓу другите 8 лица канонизирани се Девасахајам Пилаи, кој беше убиен поради преобраќање во христијанство во Индија во XVIII век, и Сезар де Бус, француски свештеник од XVI век кој основал религиозен ред.

Папата Франциск канонизираше и двајца италијански свештеници, три италијански калуѓерки и една француска калуѓерка. Сите тие живееле помеѓу XVI и XX век.

„Овие светци влијаеле на духовниот и социјалниот развој на нивните народи и на целиот човечки род, а во денешниот свет, за жал, дистанцата се продлабочува, а тензиите и војните зачестуваат“, рече папата Франциск по мисата.

Тој додаде дека „светските лидери мора да бидат протагонисти на мирот, а не на војната“, алудирајќи на војната во Украина.

На сите нови светци им се препишуваат чуда.

реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

„Исплива“ видео: Дали победата на Немо на Евровизија беше наместена?

Read more

Свет

Атентат врз премиерот на Словачка, се бори за живот

Read more

Која е цената што Си Ѓинпинг е подготвен да ја плати за војната на Путин?

Read more

Ердоган: На ​​Нетанјаху му претстои судбина слична како на Хитлер

Read more

Лавров: Ќе се бориме против исламофобијата и русофобијата во светот

Read more
 

Вести

Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор од говорницата во собранието

Читај повеќе

Атентат врз премиерот на Словачка, се бори за живот

Читај повеќе

Која е цената што Си Ѓинпинг е подготвен да ја плати за војната на Путин?

Читај повеќе

Закана по животот на Кацарска: Нашла импровизиран кревет и забоден нож пред гаражата

Читај повеќе

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Читај повеќе

Вработените на Токсикологија во одбрана на Беќаровски: „Зад обвинувањата стојат лица што не се вработени на клиниката“

Читај повеќе

Ердоган: На ​​Нетанјаху му претстои судбина слична како на Хитлер

Читај повеќе

Во хотелска соба во Охрид пронајдена почината жена од Аргентина

Читај повеќе

Прогласен лауреатот на наградата Антево слово 2024 година

Читај повеќе