Папата упати апел до Путин и Зеленски

Папата Франциск ги повика Киев и Москва да објават итен прекин на огнот и да почнат да преговараат.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот руски колега Владимир Путин треба да прогласат примирје и да се вратат на преговарачката маса, рече папата Франциск во својот апел до нив во неделата. Тој предупреди дека понатамошна ескалација може да добеде до употреба на нуклеарно оружје, што би имало катастрофални последици.

Според преводот на пораката објавена од Vatican News, папата војната во Украина ја опиша како „ужасна и незараснувачка рана по човештвото“, на што очигледно крајот не ѝ се гледа.

„Одредени потези никогап не може да се оправдаат“, продолжи тој, сепак не покажувајќи со прст кон ниту една страна, не сакајќи директно да обвини никого.

Аргументирајќи дека „војната никогаш не е решение“, папата Франциск повика на „итен прекин на огнот“ и ги замоли засегнатите страни да преговараат за „решенија кои не се наметнати преку сила, туку се консензуални, праведни и стабилни“. Тој исто така ја нагласи важноста на почитта кон суверенитетот и територијалниот интегритет на секоја земја, како и правата на малцинствата.

Според папата, продолжувањето на конфликтот би можело да доведе до „нуклеарна ескалација“ која многу веројатно би предизвикала катастрофални последици не само кон завојуваните страни, туку и по целиот свет.

Обраќајќи му се на Путин, папата Франциск апелираше да ја „запре оваа спирала на насилство и смрт“, додека украинскиот претседател го повика да биде „отворен за сериозни предлози за мир“. Побара и од останатите земји да направат сѐ што можат за оваа војна да заврши, но без да дозволат и тие да бидат вовлечени во конфликтот.

Алепот на папата доаѓа неколку дена откако Зеленски објави порака на Telegram во петокот, велејќи дека Киев нема да разговара со Москва сѐ додека Путин е на власт. Коментарот дојде на денот кога рускиот претседател ги потпиша протоколите за вклучувањето на двете републики од Донбас и двата поранешни украински региони во Русија, веднаш по референдумите на кои луѓето кои живеат во засегнатите области со огромно мнозинство гласаа „за“ одвојување од Киев и приклучување кон Русија. Украина и Западот ги отфрлија референдумите и ја обвинија Москва дека го прекршила територијалниот интегритет на Украина.

реклама

Свет

„Алах Акбар“ на улиците на Хамбург, муслиманите повикаа на калифат и шеријат

Read more

Русите го попречуваат GSP сигналот, Финците паузираат дел од летовите за Естонија

Read more

Путин ги откажа парадите на 9 мај: Стравот од украински напад е посилен од традицијата

Read more

Русите жестоко напредуваат, Украинците бесни: Ова е вистинската ситуација на бојното поле, нѐ лажат

Read more
 

Вести

  • play_arrow

„Алах Акбар“ на улиците на Хамбург, муслиманите повикаа на калифат и шеријат

Читај повеќе

Русите го попречуваат GSP сигналот, Финците паузираат дел од летовите за Естонија

Читај повеќе

Црна Гора воведува седумчасовно работно време до крајот на годината

Читај повеќе

Финансии побара до крајот на денов да се стави во мирување поскапувањето на осигурувањето на автомобилите при регистрација

Читај повеќе

Со лажни формулари откупувале стари акомулатори – кривична против три лица и една фирма

Читај повеќе

Вработените во Фондот за здравство утре излегуваат на протест за повисоки плати

Читај повеќе

Европски фронт: Над 30 згради во Чаир се дивоградби, ќе ги легализираме за да ги спасиме инвеститорите и граѓаните

Читај повеќе

Османи за 55-годишнината на МНР зборуваше само за она што било направено во изминатите четири

Читај повеќе

По осми пат ќе се одржи Today It's All About Jazz во Скопје

Читај повеќе