Паранормални активности или чиста наука: Мистеријата на пештерата Давелис

Уште на влезот можете да почувствувате чудна енергија што не доаѓа од овој свет, вели Димитриос Макридопулос за грчката пештера за која има најразлични сведоштва и шпекулации за воени експерименти.

Мистериозното место се наоѓа во близина на Атина, а речиси никој не го посетува. Причината за тоа се бројни суеверија кои само обожавателите на паранормалното доаѓаат да ги истражат. Пештерата Давелис се наоѓа на југозападната страна од планината Пендели, од каде порано се носеле материјалите за изградба на Партенон.

Пештерата е именувана по разбојник од XIX век по име Давелис. Тој и неговата банда го користеле ова место како скривница и според легендата, имало лавиринт од тунели што воделе кон куќата на војвотка која му била љубовница. На влезот во пештерата, во карпата, има црква од 12. век.

Малку подлабоко во пештерата, се чествувал богот Пан, а остатоци што го потврдуваат тоа можат да се видат во Археолошкиот музеј во Атина. Релјефи на поранешни патници-намерници може да се видат на еден од ѕидовите, вклучително и неколку англиски писатели од 19. и почетокот на 20. век.

Постојат записи дека грчката војска таму изведувала доверливи операции, поради што пештерата била затворена за јавноста. Меѓу теориите на заговор се и оние поврзани со нуклеарно оружје и експерименти изведувани за време на Студената војна.

Статусот на локација со паранормални активности го доби поради различните сведоштва на луѓе кои биле доволно храбри да влезат внатре. Тие, наводно, виделе како капе вода од подот кон врвот на пештерата, суштества што личат на мачки кои одат исправено, а со електронските уреди се случува нешто чудно - тие се исклучуваат и се расипуваат кога сте во пештерата.

Димитриос Макридопулос отсекогаш бил фасциниран од необични појави. Од детството до зрелоста „голтал“ книги за окултни појави, а станал љубопитен и за планината Пентели која има форма на пирамида.

Remote video URL

Без оглед на тоа што е вистина, студија што ја спроведе Јоргос Д. Пападеас од Грчкиот институт за геологија и истражување на минерали во 2002 година, покажа дека има нешто необично во пештерата. Научниците пронајдоа плоча збогатена со графит помеѓу слоевите мермер, што ја прави планината добар спроводник на електромагнетни бранови.

Покрај тоа, мермерот од оваа планина има одредени научни својства што доведуваат до добивање електричен полнеж во услови на висок притисок, што може да ги објасни бизарните електромагнетни појави, но и здравствените, како што се вртоглавица и дезориентираност.

На тој начин, Димитриос Папаниколау, професор по геологија на Универзитетот во Атина, кој ја проучува Пентели од 1973 година, вели дека ништо паранормално не се случува на планините, туку дека науката објаснила сè.

Remote video URL
реклама

Чек дис аут

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Read more

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Read more

Еден од најактивните вулкани во светот исфрла злато во вредност од 6.000 долари секој ден

Read more

Бургер на едноставен начин

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе