Париз штеди енергија, Ајфеловата кула ќе ги гаси светлата еден час порано

За да заштеди енергија во текот на претстојната зима, Париз ќе ги исклучи светлата на Ајфеловата кула еден час порано од вообичаено, ќе ја намали температурата на водата во градските базени и ќе го одложи почетокот на греењето во јавните згради, најави градоначалничката на Париз, Ан Идалго.

Целта на овие мерки е да се исполнат целите наведени од претседателот Емануел Макрон кои се однесуваат на индустријата, домаќинствата и општинските власти да ја намалат потрошувачката на енергија за 10 отсто, со оглед на руското намалување на испораките на гас и цените на енергијата.

И покрај сето ова, Идалго изјави дека „Париз секогаш ќе биде градот на светлината“.

Најпрепознатливиот симбол на Париз, Ајфеловата кула моментално е осветлена до 1 часот по полноќ со посебен систем за осветлување што ѝ дава треперлив златен сјај.

Исклучувањето на светлата во 23:45 часот ќе овозможи намалување на потрошувачката на енергија за 4 проценти. Идалго најави дека од 23 септември светлата во јавните згради во Париз ќе бидат исклучени во 22 часот, а температурата на водата во јавните базени ќе се намали од 26 на 25 степени Целзиусови.

Греењето во јавните згради ќе се спушти до 18 степени Целзиусови.

Сметката за енергија на француската престолнина годинава ќе изнесува 90 милиони евра, што е за 35 милиони повеќе од вообичаеното. 

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Свет

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Read more

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Read more
 

Вести

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе