Патувачкото кино на „МакеДокс“ деновиве во Моноспитово, Босилово и Габрово

Почна првиот дел од тринаесеттото Патувачко кино на „МакеДокс“ низ струмичкиот регион.

Наместо во Моноспитово, како што претходно беше планирано, првата проекција се одржа на 18 јули во училишниот двор на основното училиште во с.Василево во истоимената општина. Жителите на село Василево случајно дознаа за одржувањето на киното во школскиот двор, но сепак, масовно се придружија.

Втората проекција на Патувачкото кино се одржа во с.Вељуса, кое ѝ припаѓа на Општина Струмица, на игралиштето од училиштето. Мештаните веќе беа запознаени и известени за доаѓањето на Патувачкото кино на „МакеДокс“ и го очекуваа да пристигне.

- Тие ни кажаа дека порано се одржувале филмски проекции во Домот за култура, кој е сега распаднат и не функционира. Постарите жители се присетија на времето кога биле млади и оделе на кино проекции, дури и по дозволеното време за излегување од родителите. Проекцијата во Вељуса беше проследена од многубројна публика од сите возрасни групи – истакнуваат од екипата на Патувачкото кино.

Наредните проекции на Патувачкото кино на „МакеДокс“ ќе се одржат во следните термини:

21.07. - Моноспитово

22.07. - Босилово

23.07. - Габрово

Проекциите се бесплатни и почнуваат во 21 часот.

На 19.07. почна и првиот дел од четвртата генерација на школата за млади документаристи „ДокуНикулци“ на „МакеДокс“. На Патувачкото кино тие ќе се запознаат со документарниот филм, ќе развиваат свои приказни, ќе работат на нив во текот на годината и ќе ги прикажат на следното издание на фестивалот „МакеДокс“ во 2023та година.

Вториот дел од Патувачкото кино ќе се одржи по фестивалот „МакеДокс“, односно во септември во преспанскиот регион.

Патувачкото кино на „МакеДокс“ 2022 е поддржано од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, Националната фондација за демократија од Вашингтон, Општина Струмица и Општина Босилово.

Медиумски покровители на Патувачкото кино се Слободен печат, Нова Македонија, МКД.мк, СДК.мк, ОФФнет, ПлусИнфо, Е-магазин, УМНО.мк, Еспресо.мк, Кајгана.мк, Радио МОФ, Лице в лице и Окно.

Remote video URL
Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Култура

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Read more

Прогласен лауреатот на наградата Антево слово 2024 година

Read more

Книжевна средба со авторките Калиа Димитрова и Ивана Јовановска во „Илика“

Read more

Oтворен конкурсот за ЕУ наградите за истражувачко новинарство

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе