Наоѓањето лекар кој ги исполнува сите ваши критериуми понекогаш е вистински предизвик.
Истото важи и за педијатарот, па затоа не е изненадување што Даниел Самерс со својот пристап ги освои срцата на многу родители ширум светот.
Даниел објави статус на Twiitter кој стана вирален.
„Многу е важно како педијатар да имате омилени:
1. диносаурус
2. инсект
3. суперхерој
4. животно
5. принцеза
затоа што никогаш не знаеш кога тоа ќе стане тема на разговор“.
Неговиот пост собра над 20.000 лајкови, а 1.000 луѓе го ретвитнаа, вклучително и бројни педијатри.
Тие самите открија дека имаат омилени диносауруси, инсекти, суперхерои, животни и принцези.
„Ова е толку слатко“, „Мислам дека е важно во секојдневниот живот да имате мислење на оваа тема, не само ако сте педијатар“, „Добар вкус“, „Дали примате нови пациенти“, се некои од коментарите на одушевените родители.