Пеле не ги признава рекордите на Роналдо и Меси

Откако прво Меси му урна еден, а веднаш потоа Роналдо му урна друг рекорд, Пеле сепак не ги призна ни двата и се пофали дека сѐ уште е најдобриот голгетер на светот.

Изгледа дека сепак Лионел Меси и Кристијано Роналдо имаат уште долг пат да изодат додека го престигнат легендарниот Пеле. Барем според статистиката која ја вади Бразилецот.

Прво Меси се пофали дека го урнал рекордот на Пеле за најмногу постигнати голови во дресот на еден клуб, а потоа Кристијано Роналдо за најмногу постигнати голови во кариерата воопшто.

Официјалната статистика вели дека Пеле во дресот на Сантус има постигнато 643 голови, па сите помислија дека Меси е сега број еден стрелец во дресот на еден клуб со 644 голови за Барселона, но потоа се јави бразилскиот клуб тврдејќи дека нивната легенда всушност има 1.019 голови.

Потоа Роналдо го постигна својот гол број 758 во кариерата надминувајќи ги оние 757 на Пеле, но ништо и од тоа бидејќи Пеле вели дека има постигнато 1.283 голови.

Откако сите почнаа да пишуваат за новите рекорди на Меси и Роналдо, Пели реши да оди контра и да се бори кон оваа неправда. Својот официјален Instagram профил го збогати со фактот „Водечки голгетер на сите времиња (1.283)“ ставајќи им на сите дознаење дека неговите рекорди се живи.

URL

Пеле својата кариера ја тераше од 1956 до 1977 година и според официјалната статистика на ФИФА има постигнато 643 голови во дресот на Сантус, 64 за Њујорк Космос и 77 за репрезентацијата на Бразил. Проблем се головите постигнати во црно-белиот дрес на Сантус кои според Пеле и клубот се далеку повеќе, односно 1.019.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Фудбал

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Read more

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Read more
 

Спорт

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе