Пендаровски: Моите ставови и пред и по средбата со Мицкоски се апсолутно идентични

Да имавме заеднички став за „27 април“ ќе излезевме со заедничка прес-конференција или заедничко соопштение. Моите ставови за „27 април“ воопшто не зависеа од средбата со Мицковски, вели шефот на државата Стево Пендаровски.

-Јас имав соопштение после тоа, после таа негова изјава во кое кажав дека и во дипломатијата и во политиката кога излегувате на одвоени изјави јасно е дека сте имале различни ставови за истите настани. Да имавме усогласени ставови за „27 април“, како што тој вели, сигурно би излегле на заедничка прес-конференција или со заедничко соопштение кое би го потпишале двајцата. Немам што да додадам на тоа. Станува збор за реалноста тоа што внатре се случуваше и која беше соопштена многу пати. Инаку моите ставови за „27 април“ воопшто не зависеа од средбата со господинот Мицковски. Моите ставови и пред таа средба и потоа и денес ако ме прашувате се апсолутно идентични, вели Пендаровски на новинарско прашање за обвинувањата од Мицкоски дека изјавите кои ги дал ден по средбата со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ околу „27 април“ се разликуваат од кажаното од него на самата средба.

Подвлече дека неговите ставови во врска со „27 април“ не претставуваат мешање во судството, бидејќи тој цитира член од Кривичниот законик  кој овозможува повторување на процесот.

-Прво јас немам политички став за судски процес кој е во тек, туку за судски процес кој е завршен.  Второ нема никакво мешање во работата на судството првот затоа што е затворен процесот. И второ, во мојата изјава, јас цитирам одредба од Кривичниот законик која овозможува повторување на процесот. Еден од процесите кои вие ги спомнувате беше повторен, значи имаше повторно судење, беше преотворен, имено благодарејќи на таа одредба во КЗ. Значи мешање во работата на судството е ако кажувате како треба да се суди или ако велите – јас имам докази и очекувам врз основа на она што јас го кажувам да се преотвори тој случај.  Велам, ако има нови докази, адвокатите, правните застапници до Врховниот суд, во овој случај правната процедура е таа. Не е мешање во судската работа ако цитирате член од Кривичниот законик, рече Пендаровски на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили која е во прва официјална посета на Република Северна Македонија. 

реклама

Зошто не треба да јадете банани за појадок?

Read more

Како да направите совршено пире од компири?

Read more

Решете го проблемот со лошиот здив со помош на две овошја

Read more

Шпански новинар: Модриќ може да му држи приватни часови на Мбапе

Read more

Македонија

Филипче: Мицкоски не сака реформи, туку судство по своја мерка

Read more

Работници копале дупка за шахта и нашле коски во дворот на амбулантата во Илинден

Read more

Времето денеска сончево и топло, в понеделник пороен дожд и грмежи

Read more

Јахоски оди во притвор, Кривичен ја преиначи првичната одлука

Read more
 

Вести

Трамп воведува целосна забрана за патување или ограничување за граѓаните од 41 земја

Читај повеќе

Филипче: Мицкоски не сака реформи, туку судство по своја мерка

Читај повеќе

Приведено лице од скопско поради предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици

Читај повеќе

Песков до Украинците во Курск: Времето ви истекува

Читај повеќе
  • play_arrow

Убиен лидерот на ИСИС во Ирак и Сирија

Читај повеќе
  • play_arrow

Автомобил удри во граѓани кои оделе на протест во Белград, има повредени

Читај повеќе
  • play_arrow

Каде е Вучиќ додека се подготвува најголемиот протест против него?

Читај повеќе
  • play_arrow

Поголема група маскирани лица во црно маршираат низ Белград

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Куба во мрак: Милиони граѓани повторно останаа без струја

Читај повеќе