Пендаровски: Не ги исполнивме условите, во декември ЕУ нема да има позитивна одлука за нас

Исходот од декемврискиот Самит е јасен каков ќе биде, со оглед дека предусловот што го имаме во европската преговарачка рамка, не можеме да го исполниме, тоа е очигледно. Во меѓувреме, за жал, поради тврдиот став на опозицијата, ништо не се промени во таа насока. И јасно дека во декемврискиот Самит не може да има позитивна одлука за нас.

Ова го изјави денеска претседателот на државата, Стево Пендаровски, во одговор на новинарско прашање во врска со очекувањата од Самитот на лидерите на Европската Унија за Западен Балкан што ќе се одржи во декември.

Пендаровски, кој се обрати на Годишниот самит на Глобалниот парламент на градоначалници 2023 на тема „Моќни, ангажирани и хумани градови: Обезбедување демократија и развој за идните генерации“, смета дека условот не се исполнува, а овој месец завршува скринингот, и, како што истакна, тоа беше главниот предуслов да продолжи земјава со втората конференција.

Прашан дали смета дека власта и опозицијата ќе се договорат околу датумот на изборите и дали споредно него претседателските и парламентарните избори ќе бидат заедно или одвоено, претседателот Пендаровски изрази мислење дека ставовите на власта и на опозицијата се приближуваат и оти можно е наскоро да се договорат за одржување на изборите во ист временски период.

„Мислам дека ставовите на власта и на опозицијата се приближуваат и веројатно наредните денови ќе имаме и официјална објава дека е постигнат договор за одржување на парламентарните и на претседателските избори во ист временски период“, изјави претседателот Пендаровски.

На прашањето за наводното „подгревање“ на меѓуетнички тензии со крстот на Шапка, Сопот итн., Пендаровски рече дека меѓуетничките тензии може да се поткреваат само ако политичките актери на идните избори имаат интерес да ги поткреваат тие тензии за добивање политички поени.

„Тоа е апсолутно непотребна авантура за кој било во Македонија, бидејќи знаеме како сме поминувале во минатото кога сме имале меѓуетнички тензии и меѓуетнички конфликти. Сакам сето тоа, сите тие обиди од која било страна да доаѓаат да ги сместам во тој контекст; предизборието, пар месеци пред избори ако бидат на пролет и опасен начин да дојдете до политички рејтинг и политички поени кои инаку не би ги добиле“, рече Пендаровски.

Додаде дека тоа е крајно опасно и дека нема да биде дестабилизирана државата, меѓутоа можат да се влошат меѓуетничките односи меѓу етничките заедници во земјава и тоа е, како што рече, последната работа која ни треба покрај сите проблеми.

Според него, ниту една политичка тензија во рамки на меѓуетничките односи не може да ја дестабилизира земјава, со причина што рамка која функционира веќе 22 години во тој дел, но, како што рече, лошо е како политичка пракса и како обиди на поединци или политички субјекти на тоа да ќаруваат поени.

За неговото кандидирање за втор мандат на идните претседателски избори, Пендаровски рече дека премногу е рано да каже нешто околу тоа и дека за тоа ќе размислува по Нова година.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more
 

Вести

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе