Пенелопе Круз го краде вниманието меѓу ѕвездите на 78. Венециски фестивал

78. Венецијанска Мостра, најстариот филмски фестивал во светот, беше отворен вчеравечер со најновото дело од опусот на Педро Алмодовар, „Parallel Mothers“ кој ќе се бори за Златниот лав во конкуренциија на Џејн Кемпион и Паоло Сорентино.

Двократниот оскаровец, во трката за најголемата награда во Венеција, пристигна на Лидо за да го претстави „Parallel Mothers“, филм со Пенелопе Круз во главната улога како една од двете самохрани жени кои се породиле во иста болница.

Режисерот и неговата муза, облечени во црно, дефилираа на црвениот килим распослан на Лидо покрај морето, каде беа собрани голем број фоторепортери, но пради мерките против ковид немаше публика што би можела да се доближи до ѕвездите.

Фестивалот во Венеција годинава блесна во целиот свој сјај откако лани имаше пригушено издание, а меѓу звездите најсилно светна Пенелопе Круз која ги остави присутните без здив со својата појава.

Други наслови кои се борат за наградата Златен лав за најдобар филм се „The Power of the Dog“ во режија на Џејн Кемпион со Бенедикт Камбербач како ранчер кој злоставува млада вдовица (Кирстен Данст) и филмот „Spencer“ со Кристен Стјуарт како принцезата Дијана.

Паоло Сорентино излегува со многу личен и интимен филм за загубата на неговите родители кога имал 17 години.

За време на свеченото отворање, почесниот Златен лав му беше доделен на Роберто Бенињи, незаборавниот автор на филмот „La Vita e Bella“.

„Parallel Mothers“ ќе се бори за главната награда со дваесетина филмови пред жирито предводено од Бонг Џон-Хо од Јужна Кореја, добитник на Златната палма 2019 и Оскар за најдобар филм следната година за „Parasite“

Добитниците на наградите ќе бидат сопштени на 11 септември.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Филм & ТВ

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Read more
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Read more

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more
 

Сцена

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе