Пензионерски бонус од соништата

Пензионерите во Шпанија добиваат бонус за кој многумина можат само да сонуваат.

Овој бонус е достапен за шпанските граѓани, како и за странците кои живеат во оваа земја.

Станува збор за бонус во износ од 115 евра за пократок одмор и 455 евра за подолг одмор. Владата го воведе во 2021 година среде зголемениот број на патувања по пандемијата на коронавирус, а целта беше на пензионерите да им се обезбеди поволен одмор во Шпанија. Освен што се заштедуваат пари за пензионерите, се подобрува и нивното здравје и квалитетот на животот.

Понатаму, бенефит има туристичкиот сектор, но и останатиот дел од економијата, бидејќи најголем дел од субвенционираните патувања се во ниската сезона, т.е. во периодот од октомври до јуни. Тоа значи дека повеќе луѓе ќе се вработат во туризмот на подолг период.

При изборот кој ќе ја добие субвенцијата, приоритет имаат оние со пониски пензии, многудетните, оние кои првпат аплицирале за субвенција и оние кои се подготвени да патуваат меѓу октомври и јуни. Може да патуваат сами, со брачен другар или со дете кое има попреченост.

Најголем дел од субвенционираните патувања се во Шпанија, а дел од патувањата се во Португалија. Субвенцијата за пократки одмори кои траат во просек четири дена и се во внатрешноста на државата изнесува 115 евра. Субвенцијата за подолги одмори кои траат во просек по 10 дена и се во крајбрежни или островски области изнесува 455 евра. Субвенцијата обично покрива превоз, сместување, оброци, полиса за осигурување и пристап до социо-културна програма.

Шпанските власти имаат намера да ги субвенционираат патувањата на пензионерите и во други европски земји, пренесува Euronews.

реклама

Чек дис аут

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Read more

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Read more

Еден од најактивните вулкани во светот исфрла злато во вредност од 6.000 долари секој ден

Read more

Бургер на едноставен начин

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе