Пеп за паузата на Холанд поради СП: Се надевам нема многу да јаде и пие

Норвешкиот голгетер месец дена ќе биде без професионален фудбал бидејќи неговата репрезентација не обезбеди пласман на завршницата во Катар.

Предводникот на Манчестер Сити, Жузеп Гуардиола, изјави дека воопшто не е загрижен за формата на Ерлинг Браут Холанд поради паузата која играчот ќе ја има со неучеството на претстојниот Мундијал во Катар, пренесуваат британските медиуми.

„Зборував со играчите. Холанд ми рече дека ќе одмора во Марбеља и во Норвешка. Како ќе игра во вториот дел од сезоната зависи од тоа како ќе се однесува во Марбеља. Таму ќе игра голф, а јас само се надевам дека нема многу да јаде и да пие, па во клубот ќе се врати во најдобра форма“, изјави Пеп.

Марбеља е познато шпанско летувалиште во близина на Малага сместено на бреговите на познатата ривиера Коста дел Сол.

Истакна и дека верува дека Холанд ќе ги испочитува неговите добронамерни совети.

„Тој е паметно момче, има силна работна етика. Еден е од првите кои доаѓаат на тренинзите, воспитан е да живее како професионалец“, додаде каталонскиот стратег.

Сезонава Норвежанецот постигна 22 гола во сите натпреварувања за „Граѓаните“ од Манчестер, додека за репрезентацијата на Норвешка постигна 9 гола на 6 натпревари, погодувајќи на секој натпревар.

Премиер лигата ќе заврши со колото закажано за 12 и 13 ноември, по што ќе следува мундијалска пауза, а ќе продолжи дури на 26 декември. Норвешка има закажано две пријателски и тоа на 17 ноември на гости кај Ирска, а три дена подоцна дома со Финска, па Холанд дури и да игра на тие пријателски ќе има пауза и повеќе од еден месец.

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Фудбал

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more
 

Спорт

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе