Перес: Клубовите не можат туку така да ја напуштат Супер лигата

Претседателот на шпанскиот прволигаш Реал Мадрид, Флорентино Перес, изјави денеска дека дванаесетте клубови кои ја основаа фудбалската Супер лига не можат да го напуштат проектт поради обврзувачките договори.

– Не треба да објаснувам што претставува обврзувачки, но тоа значи дека клубовите не можат да ја напуштат Супер лигата, рече Перес во интервју за шпанскиот весник AS.

Перес повтори дека проектот не е мртов и ќе заживее по период на размислување и редефинирање на концептот.

– Некои од клубовите, поради притисоци, рекоа дека заминуваат. Меѓутоа, овој проект, или еден друг многу сличен, ќе оди напред и тоа, се надевам, многу брзо, додаде Перес.

По напуштањето на проектот на девет од 12-те основачи, на Супер лигата ѝ беше зададен уште еден тежок удар во петокот, кога американската инвестициска банка „Џеј Пи Морган“, која на клубовите основачи планираше да им додели 3.5 милијарди евра неповратни средства, објави дека „погрешно го проценила проектот“.

Првиот човек на Реал, меѓутоа, рече дека банката сè уште учествува во проектот.

– Не е вистина дека се повлекоа. Одвоија извесно време за размислување, токму како што направија и дванаесетте клубови. Ако треба да направиме промени, ќе ги направиме, но Супер лигата е најдобриот проект што го смисливме, изјави Перес.

реклама

Фудбал

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Read more

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Read more

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе