Перес уверува: Гарантирам дека нема да има суспензии

Првиот човек на Реал Мадрид и воедно и првиот претседател на европската Суперлига, Флорентино Перес проговори за конфликтот меѓу дванаесетте најбогати клубови и УЕФА.

Според него, големите тимови едноставно мора да ги зголемат своите приходи и со тоа ќе профитираат и сите останати европски клубови.

Перес вели дека неговиот Реал Мадрид, како и Челзи и Манчестер Сити нема да бидат исфрлени од Лигата на шампиони, како што се спомнува откако клубовите официјално ја формираа Суперлигата. Тој вели дека такво нешто едноставно е невозможно.

„Сто проценти сум сигурен дека Реал Мадрид, Манчестер Сити и Челзи нема да бидат исфрлени од Лигата на шампиони. Тоа не е возможно. УЕФА има монопол и треба да биде потранспарентна. Сакаме да го зачуваме фудбалот за наредните 20 години, сега е време на сериозна опасност. Победникот од Лигата на шампиони ќе добие 120 или 130 милиони евра, а со Суперлигата би заработувале многу повеќе“, вели Перес.

Тој потврди дека челниците на новата лига сигурно ќе разговараат со УЕФА и ќе им објаснат зошто фудбалот треба да се движи кон „подобар пат“.

„Ќе разговараме со УЕФА и тоа јасно го пишува во нашето соопштение, ние мора да разговараме бидејќи има уште пет слободни места за Суперлигата. Тие работеа на новиот формат на Лигата на шампиони, но тоа за мене е неразбирливо. Сакам да го спасам фудбалот, главна атракција се натпреварите на големите тимови. Фудбалот е како пирамида и оние кои најмногу заработуваат ќе можат да купат играчи за повеќе пари и со тоа и тимот ќе заработува повеќе. Ако големите тимови не заработуваат, тогаш помалку ќе заработуваат и оние помалите“, објасни Перес.

Тој истакна дека на фудбалерите кои ќе бидат дел од Суперлигата нема да им биде забрането да играат за репрезентацијата, бидејќи тоа едноставно нема да се случи.

URL
реклама

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Фудбал

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Read more

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Read more

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more
 

Спорт

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе