Песков: Кој не сака да плаќа за гасот во рубли, нема ни да го добие

Б.С.Б.
/ 29.03.2022 / 09:56

Русија претходно соопшти дека сите земји кои воведа санкции од почетокот на инвазијата на Украина, мора да го плаќаат гасот во рубли, но европските земји тоа не го прифатија.

На состанок на челниците на Европската Унија пред неколку дена, не беше пронајден заеднички став за барањето на Русија дека „непријателските земји“ мора да плаќаат за гасот во рубли, а не во евра.

Загриженоста околу безбедноста на снабдување со гас е засилена по побарувачката. А компаниите и земјите во ЕУ се обидуваат да ги сфатат последиците.

Руската централна банка, владата и Газпром, кои чинат 40% од европскиот увоз на гас, треба до утре пред Владимир Путин да ги изнесат нивните предлози за плаќање на гасот во рубли.

Портпаролот Дмитриј Песков зазеде јасен став нагласувајќи дека Русија нема да се занимава со „добротворна работа“

„Нема да испорачуваме бесплатно, тоа е јасно. Во нашата ситуација, ова е тешко возможно и не сакаме да се занимаваме со добротворна работа“, изјави Песков.

Тој нагласи доколку САД и европските сили не сакаат да плаќаат за гасот во рубли, едноставно нема ни да го добијат. Но, додаде дека Русија треба да ја донесе конечната одлука за тоа како да одговори ако европските земји одбијат да плаќаат во руска валута.

Сепак, сите министри за енергетика присутни на Г7 се сложни дека ова е еднострано кршење на склучените договори.

„Плаќањето во рубли е неприфатливо и ги повикуваме заинтересираните компании да не го исполнат барањето на Путин“, изјави Роберт Хабек, германски министер за економија и заштита на климата.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Свет

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Read more

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе