Пет канадски хокеари обвинети за сексуално злоставување

Пет хокеари од канадскиот јуниорски тим кој го освои златниот медал на Светското првенство во 2018 година се соочуваат со обвинувања за сексуална злоупотреба.

Канадскиот весник The Globe and Mail вчера објави дека пет мажи се поврзани со наводен сексуален напад што се случил во јуни 2018 година и добиле наредба да се предадат на полицијата во градот Лондон, во канадската сојузна држава Онтарио.

Во својот извештај, The Globe and Mail не ги именуваа членовите на јуниорскиот тим кои би можеле да се соочат со обвиненија, но се шпекулира дека најмалку четворица од обвинетите моментално играат во НХЛ, додека петтиот е член на швајцарски клуб.

Полицијата најави дека на почетокот на следниот месец ќе одржи прес-конференција на која ќе извести за истрагата.

„Разбираме дека постои значителен јавен интерес за истрагата за сексуален напад која датира од 2018 година. Иако не можеме да обезбедиме ажурирање во овој момент, очекуваме да одржиме прес-конференција во понеделник, 5 февруари 2024 година за да споделиме дополнителни детали“, се наведува во соопштението.

ТСН објави во мај 2022 година дека една жена идентификувана само со нејзините иницијали во судските документи се спогодила за околу 3,55 милиони долари во тужбата што ја поднела против Хокеј Канада и другите обвинети, вклучително и осум неименувани играчи.

Жената го пријавила наводниот напад во хотелска соба во Лондон во јуни 2018 година по собирање средства за Фондацијата Хокеј Канада.

Тагови
реклама

Останати спортови

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Read more

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Read more

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more
 

Спорт

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе