Пет хороскопски знаци ги очекуваат љубовни промени во септември

Венера и Меркур излегуваат од ретроградна состојба и тоа е всушност еден од најзначајните астролошки настани во септември. Сите знаци на Зодијакот ќе го почувствуваат тоа во романтична средина, особено овие пет кои можат да се надеваат на големи промени.

Лав

Припадниците на овој знак неодамна доживеале лош период во љубовниот живот, или сѐ некако запрело или дури уназадило. Но, на Лавовите им претстои многу поповолен период кога би можеле да запознаат сродна душа или да ја насочат врската со постоечкиот партнер во подобра насока.

Ќе почувствуваат наплив на самодоверба и добра енергија, а тоа дополнително ќе влијае на нивната привлечност кон спротивниот пол.

Овен

Овните беа принудени да ги преиспитаат своите љубовни врски во последните месец и половина. Комуникацијата со партнерот беше лоша, но тој период заврши на 4 септември, па сега можат да се надеваат на позитивен развој.

Повторно ќе ги почувствуваат пеперутките во стомакот и ќе бидат полни со живот. Припадниците на овој знак кои се во брак ќе ја разберат важноста на подигање на брачната заедница на повисоко ниво. Ќе сфатат дека од драмата нема никаква корист.

Водолија

Припадниците на овој знак ќе почнат подобро да се разбираат со партнерот по период на преиспитување за важноста на врската и колку оваа љубовна врска ги исполнува.

Слободните водолии конечно ќе почнат да запознаваат интересни луѓе, харизматични и енергични кои би можеле да ги привлечат. Исто така, можно е во септември да бидат поканети на многу интересен состанок и да бидат опсипани со подароци.

Вага

За Вагите штотуку помина период на големо преиспитување на сѐ што е поврзано со љубовта и врските. Длабоко размислувале што сакаат од врската и каков однос сакаат со партнерот. Изморени се од постојаната драма и компликации. Оние кои се во врска би можеле да донесат сериозни одлуки за иднината.

Сфатиле дека им е исклучително важно покрај себе да имаат некој кој ќе биде добар љубовник и во исто време добар пријател, некој со кој се чувствуваат опуштено, слободно и забавно. Можно е самците да започнат романса со некој што го познаваат долго време, но досега не биле ништо повеќе од пријатели.

Јарец

Припадниците на овој знак за време на ретроградната Венера беа на љубовна пауза, се чини како сѐ да застанало. Се преиспитувале себеси и партнерот, како и сексуалниот живот од кој не биле целосно задоволни.

Септември ќе започне и ќе подобри сѐ, па Јарците може да очекуваат посилна желба за интимност, како и повеќе страст. Оние кои се во брак ќе размислуваат за деца и лесно е да добијат вест за бременост до октомври.

реклама

Живот

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Read more

Како да се справите со колеги кои се многу бучни на работното место?

Read more
 

Магазин

  • filter

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Читај повеќе

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе