Пет медитерански земји бараат ЕУ рамномерно да ги прима мигрантите од Африка

Медитеранските земји собрани под името MED 5 - Шпанија, Италија, Грција, Кипар и Малта - побараа од Европската Унија да покаже солидарност во распоредувањето на мигрантите кои пристигнуваат по море на ист начин како солидарноста со бегалците од Украина.

На границите на овие пет јужноевропски земји пристигнуваат бројни мигранти од Африка и Блискиот Исток, па бараат да се воспостави механизам преку кој мигрантите кои пристигнуваат би биле распоредени во сите 27 земји на ЕУ. Министрите за внатрешни работи на земјите од МЕД 5 се собраа викендов во Венеција, по што дадоа заедничко соопштение.

Се бара да се донесе одредба на следниот состанок на европските министри за внатрешни работи во рамките на Советот на ЕУ, според која земјите подеднакво би ги прифаќале мигрантите кои илегално влегуваат во Европа, на ист начин како што прифаќаат луѓе кои бегаат од војната во Украина.

„Ова е важно во овој нов глобален контекст, во кој не може да се исклучи тешка криза со храна како резултат на блокадата на извозот на жито“, рече италијанската министерка за внатрешни работи Лусијана Ламоргезе на заедничката прес-конференција.

Притисок врз медитеранските земји

Преговорите за Европскиот пакт за миграција и азил се во тек, па блокот МЕД 5 бара олеснување за да се намали притисокот што го чувствуваат за грижата за голем број мигранти. МЕД 5 претходно повика на еднаква распределба на мигрантите на претходните состаноци во Атина и Малага.

Шпанскиот министер за внатрешни работи Фернандо Гранде Марласка изјави дека е неопходно да се продлабочи соработката со земјите од кои доаѓаат мигрантите, како и со транзитните земји преку кои пристигнуваат во Европа.

Франција, која претседава со ЕУ до 30 јуни, предложи воспоставување механизам за распределба на мигрантите.

Дебатата за миграцијата трае веќе некое време во ЕУ, а несогласувањата настанаа во 2015 година по големиот бран мигранти кога некои земји, како Унгарија, ги отфрлија квотите што ги бараше Брисел во обид да ги олесни земјите на „првата линија“.

„Ние, група медитерански земји, изразивме единство, што е клучно за да се разгледаат нашите препораки“, додаде Гранде Марласка по дводневниот состанок.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Свет

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Read more

Си го пречека Путин: Претседателе, мој стар пријателе, добредојде

Read more

Фицо опериран, се очекува да преживее - министрите ги обвинија новинарите за атентатот

Read more

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more
 

Вести

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Читај повеќе

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Читај повеќе

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Читај повеќе

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Читај повеќе

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Читај повеќе

Силјановска со поглаварите и претставниците на верските заедници: Изразена подготвеност за соработка

Читај повеќе

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе