Пет намирници за полесно губење килограми по 40-тата година

Тешко ви е да загубите од вишокот килограми и да ја одржувате саканата телесна тежина? Мускулната маса за жал се намалува кога ќе влеземе во 30-тите, а тоа значи дека на телото полесно се насобира масно ткиво. Покрај физичката активност, важно е да се направат и некои промени во исхраната за да се забрза слабеењето. Нутриционистката Лиса Јанг советува кои намирници треба почесто да ги јадете ако имате 40 или повеќе години.

Ленено семе

Одличен се извор на омега-3 масни киселини, но полни се и со влакна. Истражувањата покажуваат дека околу 30 грама растителни влакна дневно може да помогнат во губење на тежината. Поради нив долго време нема да се чувствувате гладни и така безбедно ќе јадете помалку нездрава храна.

Бобинки

Ако сакате да го изгубите вишокот килограми, размислете да вклучите свежо овошје како што се јагоди, боровинки или брусница во вашата исхрана, а можете да ги додадете во јогурт или овошен пијалак. Овошјето содржи импресивни количини на хранливи материи, а кога ќе се додаде во исхраната може да помогне во губењето на тежината. Само една порција бобинки содржи околу 8 грама влакна, а има и антиоксиданси и фитохемикалии кои не треба да се занемарат.

Авокадо

Освен што содржи многу вода и влакна, во авокадото има и малку калории. Луѓето што често јадат авокадо велат и дека како што јадат повеќе овошје секој ден, така внесуваат помалку храна што содржи додадени шеќери. Студија спроведена пред 10 години наведува дека половина авокадо ќе ве држи сити и неколку часа.

Јаткасти плодови и семиња

Кога се консумираат во умерени количини, јаткастите плодови можат да бидат многу здрава ужина која сигурно ќе ви ја олесни исхраната. Тие се полни со влакна и здрави масти. Според д-р Џоел Фурман, овие намирници се полни со фитохемикалии и хранливи материи, како и со антиоксиданси. Можете да ги додадете во речиси секој оброк или да ги грицкате како ужина.

Кисела зелка

Доколку сте љубители на киселата зелка, ова е добра вест за вас бидејќи оваа храна е полна со пробиотици и пребиотици. Постојат многу причини зошто оваа храна може да ви помогне да ослабете - таа е нискокалорична, ниска со масти и полна со влакна кои ќе ве држат сити долго време. Покрај тоа, пробиотиците што се наоѓаат во неа можат да помогнат при губење на тежината. Исто така, содржи клучни хранливи материи како што се железо, фолна киселина, магнезиум, витамин Ц, К и калиум.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Здравје

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Што треба да јадете за да имате подобар секс?

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Нутриционистите споделија листа со најздравите зеленчуци

Read more
 

Магазин

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Читај повеќе

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Читај повеќе

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Читај повеќе

Пет клучни знаци на аутизам кај децата, според терапевт

Читај повеќе

Што треба да јадете за да имате подобар секс?

Читај повеќе

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе