Рецепти

Пет вкусни рецепти со ориз

7. септември 2019 - 14:16 | А.С.

Оризот е состојка што редовно се користи во македонската кујна. Покрај класичните јадења во кои се употребува како главна или споредна состојка, може да научите и неколку нови јадења со кои ќе го збогатите неделното мени.

Хранлива вредност на оризот

Оризот е по потекло од Азија и е основна храна на повеќе од половина жители во светот. Успева во скоро сите делови на светот, а особено во топлите и влажни предели. Постојат околу 1.000 врсти на ориз.

Оризот е извонредно хранлив, сиромашен е со масти, но богат со скроб, па затоа е лесно сварлив.

Во споредба со другите житарки, оризот има најголема енергетска вредност: 100 грама ориз содржи 1540 kj или 368 kcal. Од хранливи состојки најмногу има скроб (70–80 %), потоа белковини (6,5 %) и масти (0,7 %), а богат е и со минерали. Најмногу има фосфор (116 mg%) и калиум (98 mg%), а не се занемарливи ни количините на магнезиум, калциум, манган, железо, сулфур, бакар, цинк, кобалт, флуор.

Од витамини има витамин Е – во `ркулците, и скоро сите витамини од групата Б – во лушпата.

Нелупениот ориз има, покрај другото, неспоредливо повеќе сирова целулоза, па затоа тој го поттикнува празнењето на цревата, го поттикнува излачувањето на желудечните и цревните сокови. Идеалниот однос на неговите биолошки состојки ја воспоставува рамнотежата во организмот.

Пет нови рецепти со ориз

Тимот на Tasty ви предлага пет вкусни рецепти со кои ќе научите како поинаку да го користите оризот во исхраната:

Коментирај