Петр Чех откако смени спорт: Ова е подобро од Лига на шампиони

Прославениот голман на чешката репрезентација и на Челси, Петр Чех, ја исполни својата долгогодишна желба и стана хокеар.

Чех во дресот на 

Еден од најдобрите голмани во историјата на европскиот фудбал ја почна својата фудбалска кариера на 7 години и тоа напаѓач. Но, заиграл фудбал само поради тоа што неговото семејство не можело финансиски да си дозволи малиот Петр да го запише на хокеј, спорт кој е скап поради опремата што ја користи. Откако на 10-годишна возраст ја скршил ногата, потоа ја променил позицијата, па од напаѓач станал голман. Она што се случи понатаму секој го знае, а за тоа сведочат 333 натпревари во дресот на Челси и 110 за Арсенал, претходно и за француски Рен и прашка Славија.

Како што сега вели, играњето хокеј на мраз му е позабавно од играњето во Лигата на шампионите, иако е голман кој во својата кариера освојувал шампионски титули во Англија и во најелитното клупско фудбалско натпреварување во светот.

Чех ја заврши фудбалската кариера во 2019 година и веднапш заигра хокеј, прво тренирајќи со неколку аматерски и НХЛ, потоа играше и за третолигаш Гилфор Феникс. Сега го потпиша првиот хокеарски договор, со Челмсфорд Чифтејнс, кој се натпреварува во Јужната дивизија на втората британска лига.

„Хокејот е многу скап спорт и како семејство не можевме да си ја дозволиме опремата, па татко ми ме однесе на фудбал. На крајот тој спорт победи. Сонував еден ден да бидам на мразот со моите соиграчи и тој сонот се оствари, пресреќен сум што го исполнив сонот на едно момче. Ова е уште позабавно од фудбалската Лига на шампиони“, изјави Чех.

URL

Како што пренесуваат англиските медиуми, сега 40-годишниот Чех до крајот на сезоната ќе игра за Челмсфорд Чифтејнс. Не се знае кои се неговите следни планови и каде се гледа себеси за неколку години.

Петр Чех во дресот на Челмсфорд Чифтејнс

Во својата фудбалска кариера, Чех ја сочува мрежата на 202 натпревара во 15 години од кариерата, од кои 11 беа со Челси и 4 со Арсенал.

Чех не е единствениот фудбалски голман кој бил љубител на хокеј на мраз. Легендарниот советски голман Лев Јашин исто така играл хокеј и тоа паралелно со фудбал. Бидејќи неговиот клуб Динамо од Москва имал и хокеј тим, Јашин паралелно играл во двата спорта, а во 1953 дури и го освоил хокеарскиот Куп на СССР. Сепак, наредната 1954 година одлучил да се повлече од хокејот за да се сконцентрира на фудбалот.

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Фудбал

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе