Сите 27 членки на Европската Унија синоќа одобрија нови санкции против Русија, кои вклучуваат ембарго за увоз на руски јаглен, дрва и вотка.
Санкциите вклучуваат замрзнување на средствата на неколку руски банки, продолжување на забраната за извоз на оружје и други видови извоз во вредност од околу десет милијарди евра.
Европската комисија во вторникот предложи нови санкции по шокантните фотографии од киевското предградие Буча. Сите членки денеска на состанок на амбасадорите го одобрија предлогот, а тој ќе стапи на сила утре по објавувањето во Службен весник.
„Пакетот санкции е значаен и ги проширува постоечките санкции против Русија на нови сектори и олигарси“, се вели во соопштението на француското претседателство со ЕУ.
Високи претставници на ЕУ, исто така, рекоа дека ако Русија продолжи да ја напаѓа Украина, може да следи целосна забрана за увоз на сите фосилни горива од Русија.
Аналитичарите велат дека овој потег укажува на решеноста на Брисел да дејствува против Кремљ, но дека има мала тежина.