Петте најдобри филмски улоги на Брус Вилис

Веста дека Брус Вилис се повлекува од светот на филмот, бидејќи боледува од афазија, направи повторно да станеме свесни за неговиот долгогодишен придонес за седмата уметност.

Славниот актер во последните четири децении беше една од најголемите холивудски ѕвезди, а за тоа време успеа да со појави во вистински филмски ремек-дела.

Ова се дел од улогите кои ја одбележаа неговата кариера како актер:

Die Hard  (1988)

Remote video URL

Во овој акционен класик ја толкува улогата на Џон Меклен, детектив од Њујорк кој заминува во Лос Анџелес со цел да го мине Божиќ со семејството, како и да се смири со сопругата.  Ова второво одлучува да го направи во канцелариската прослава на фирмата во која работа неговата сопруга, но неговиот план ќе биде уништен од терористи кои ќе упаднат на забавата.

The Last Boy Scout (1991)

Remote video URL

Во овој филм, со елементи на акција, толкува депресивен детектив кој ќе биде вовлечен во завера на гангстери, корумпирани политичари и бескрупулозен сопственик на спортски клуб кој се натпреварува во рагби.

Pulp Fiction (1994)

Remote video URL

Во овој филм, чиј режисер е Квентин Тарантино, Вилис толкува улога на боксер кој ветува дека намерно ќе изгуби борба во корист на мафијашки бос. Меѓутоа, потоа одлучува да го измами криминалецот и да се обложи на себе, што ќе го доведе до непријатна ситуација.

Twelve Monkeys (1995)

Remote video URL

Ова е научнофантастичен филм за затвореник кој доаѓа од не баш толку сјајна иднина, научниците го испраќаат во минатото за да открие кој стои зад смртоносниот вирус кој означи крај на човечката цивилизација, со цел да го запре ширењето.

Главната улога на Џејмс Кол ја толкува токму Брус Вилис.

The Sixth Sense (1999)

Remote video URL

Во овој трилер, Вилис ја толкува улогата на детски психолог кој за пациент го има деветгодишниот Кол, кој тврди дека може да разговара со мртвите. Овој филм беше еден од најуспешните во кариерата на Вилис, особено остана запаметен кај публиката поради големиот пресврт на крајот на филмот.

Тагови
реклама

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Министерот Филипче се сретна со сопствениците на три приватни болници

Read more
Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Read more

Динамо останува без тренер, потврдена затворската казна за Мамиќ

Read more

Филм & ТВ

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Read more
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Read more

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more
 

Сцена

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе