Peugeot 309 GTi 16: Потценет и заборавен спортист

Peugeot 309 GTI отсекогаш бил во сенка на својот помал брат, 205 GTi. И покрај неговиот поконзервативен изглед, 309 GTi беше покомплетен автомобил, но секогаш беше потценет. Но, верзијата од 1989 година со мотор од култиот 405 Mi16 ги исправи повеќето гревови на обичниот GTi.

Бидејќи беше во класа над 205, неговите поголеми димензии му дадоа и поширока патека на тркалата, овозможувајќи поостри и попрецизни вртења при големи брзини. Исто така, иако беше поголем по димензии во споредба со помалиот 205, 309 не беше толку потежок. Ова значеше и повеќе внатрешен простор без жртвување на перформансите.

Remote video URL

309 GTi беше лансиран во 1987 година, користејќи го истиот мотор XU9 од 1.905 кубици како и 205 GTi 1.9, кој произведуваше 130 КС. GTi дојде со одредени додатоци и карактеристики уникатни за овој модел, како што се голем спојлер на капакот на багажникот, двојни фарови кои го издвојуваат од обичниот модел, светла за магла на предниот браник и специјалните алуминиумски тркала Speedline 1.9 GTi од 15 инчи. Рафинирана суспензија, затемнети стакла, длабок преден спојлер и широки странични лајсни, кожен волан и прилагодливи фарови исто така беа дел од стандардната опрема. Ставките на списокот со опции вклучуваа централна брава, електрични прозорци, лизгачки стаклен покрив и металик црна боја. Интересни беа водилките со механички лостови меѓу двете предни седишта, со чие повлекување се отвораа страничните прозорци одзади.

Две години подоцна, во 1989 година, беше претставен GTi 16, само како хечбек со три врати со погон на левата страна. Го покренуваше добро познатиот атмосферски 4-цилиндричен PSA XU9J4 со 16 вентили кои ја црпеа силата од зафатнина од 1,9 литри. Тоа беше позајмен мотор од легендарниот двосед P405 Mi16/Citroën BX 16V. Произведуваше 160 КС при 6.500 вртежи во минута и 177 Nm вртежен момент при 5.000 вртежи во минута. Силата се пренесуваше на предните тркала преку 5-степен мануелен менувач. Системот за сопирање беше надграден со вентилирани дискови на предната оска со дијаметар од 247 мм и редовни диск сопирачки на задниот пар тркала.

Вклучуваше и подобрена суспензија со значително понизок центар на гравитација (поцврсти торзиони шипки одзади и поширока трага на тркалата и напред и назад). Заедно со многу високиот сооднос на моќност и тежина (160 КС/975 кг), резултираше со многу динамично возење и одлични перформанси, дури и според современите стандарди.

Peugeot 309 не беше голем автомобил. Димензиите беа скромни, но во согласност со стандардите од 80-тите: должина - 4,05 м, ширина - 1,63 м, висина - 1,38 м и меѓуоскино растојание од 2,47 м. Тежината од 975 кг беше гаранција за добри перформанси.

Најголемата брзина беше 220 км/ч, а од 0 до 100 км/ч можеше да забрза за 7,8 секунди. На 309 му беа потребни 28,4 секунди за да забрза од 0 до 1000 м. Просечната потрошувачка на гориво беше 8,8 литри на 100 км/ч.

Заедно со Golf 2 GTI, Kadett GSi и Tipo 20i 16V, ова беше еден од најпосакуваните хот-хечи од доцните 80-ти и раните 90-ти на минатиот век.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Авто новости

Plug-in хибридите загадуваат речиси исто како и обичните автомобили - кој е одговорен за тоа?

Read more

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Read more

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Read more

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Read more
 

Автомобили

Plug-in хибридите загадуваат речиси исто како и обичните автомобили - кој е одговорен за тоа?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Читај повеќе

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Читај повеќе
  • filter

Италијанците го претставија концептот Quintessenza: GT што се претвора во пикап

Читај повеќе
  • play_arrow

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Читај повеќе

Колку е навистина реално автоматското возење?

Читај повеќе
  • filter

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Читај повеќе

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе