Peugeot го претстави обновениот E-Rifter

Иако моноволумен моделите речиси исчезнаа од автомобилската сцена, некои производители сè уште ги нудат.

Stellantis овде е многу јасен и својата понуда ја базира на т.н MVP повеќенаменски модели. Така, може да понуди солидно возило за испорака, но и авантуристички семеен модел за сите на кои приоритет им е просторноста.

Секако, кога станува збор за Peugeot, тоа мора да се направи со стил. Затоа Rifter како наследник на Partner отсекогаш се истакнувал, а сега по редизајнот ја издигнува естетиката на повисоко ниво. Тоа е електричниот E-Rifter, кој всушност е само патничката верзија на E-Partner.

Однадвор, сепак, се дистанцира со различен преден дел со нови светла. Покрај тројните дневни светла, во новообликуваниот браник има целосно затворена предна табла и изразени доводи за воздух. Ако на сè ги додадеме пластичните облоги, јасно е дека Peugeot го рангира овој модел блиску до понудата на кросовери. Фејслифтот носи и две нови нијанси - Sirkka зелена и Kiama сина.

За потсетување, во понуда се две верзии, пократка со 4,4 метри и подолга растегната до 4,7 метри. Двете верзии доаѓаат со две странични лизгачки врати и можност за отварање на задното стакло посебно на капакот на багажникот. Има и опција за внатрешен дизајн со 7 седишта, со капацитет за товарен простор кој во зависност од бројот на седишта оди и до 4 кубни метри.

Нешто неочекувано, Peugeot не ја покажа внатрешноста, но во соопштението го спомена новиот i-Cockpit со 10-инчен инфозабавен екран. Нов е и воланот обложен со кожа, а на списокот на опрема има безжичен полнач и 3 USB конектори.

Можеби најмногу изненадува што E-Rifter ја задржува старата погонска конфигурација со електричен мотор од 136 КС (i270 Nm) и батерија со капацитет од 50 kWh. Достигнува 100 км/час за 11,2 секунди и може да повлече до 135 км/час.

Важно е да се спомене дека со поставување на топлинска пумпа и нов регенеративен систем за сопирање се зголеми досегот од 280 на 320 км. Максималната моќност на полнење е 100 kW, во тој случај полнењето до 80% трае половина час.

Да кажеме и дека засега нема информации за конвенционалната понуда во форма на 1.2 бензинец и 1.5 BlueHDI дизел, кои беа повлечени од понудата минатата година. Ако остане вака, Peugeot сепак ќе може да се пофали со фактот дека ова е најевтиниот седмосед со електричен погон на пазарот.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Авто новости

Plug-in хибридите загадуваат речиси исто како и обичните автомобили - кој е одговорен за тоа?

Read more

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Read more

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Read more

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Read more
 

Автомобили

Plug-in хибридите загадуваат речиси исто како и обичните автомобили - кој е одговорен за тоа?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Читај повеќе

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Читај повеќе
  • filter

Италијанците го претставија концептот Quintessenza: GT што се претвора во пикап

Читај повеќе
  • play_arrow

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Читај повеќе

Колку е навистина реално автоматското возење?

Читај повеќе
  • filter

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Читај повеќе

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе