Пијалаци кои ги пиеме редовно, а можат да предизвикаат главоболка

Ако главоболката постојано ви се враќа, можеби е време да ги промените секојдневните навики. Нутриционистот Сидни Грин за Eat This, Not That открива кои пијалаци можат да предизвикаат главоболка.

Енергетски пијалаци

Според Грин, енергетските пијалаци се преполни со шеќер, кофеин и други додатоци за кои мислиме дека го зголемуваат нивото на енергија.

„Иако овие пијалаци ќе бидат поттик час или два, падот на енергија што ќе уследи потоа може да доведе до умор и главоболка“, објаснува Грин.

Пиво и вино

Секој алкохол е диуретик. Тоа значи дека поттикнува губење вода и електролити, смета нутриционистот.

Но, за разлика од жестоките пијалаци во кои може да додадете мраз, пивото и виното имаат поголем диуретски потенцијал па со самото тоа можат да доведат до главоболка.

Овошни сокови

Грин вели дека овошните сокови можат да бидат заситени со шеќер, а тоа влијае на нервниот систем. Пиењето овошен сок, без храна или друга течност, може да доведе до брз раст, а потоа и до пад на нивото на шеќер во крвта. Брзата флуктуација на шеќерот во крвта веројатно ќе поттикне главоболка.

Затоа треба да пиете ладно цедени сокови направени од зеленчук бидејќи имаат повеќе влакна, а помалку шеќер од овошните.

Кафе

Ако сте навикнати на утринска доза кофеин, можеби и ви е потребна за да функционирате во текот на денот. Но, пиењето кафе има и лоша страна.

Една шолја кафе може да ви помогне кај главоболка, но повеќе од тоа може да биде рецепт за брза главоболка, вели Грин.

Објаснува дека кофеинот ги стеснува крвните жили, а кога го напушта организмот, жилите се шират. Таквото оптоварување на крвотокот може да предизвика главоболка.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Здравје

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

4 несакани последици кои може да се јават ако јадете премногу леб

Read more

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more
 

Магазин

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Читај повеќе

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Читај повеќе

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Читај повеќе

Дали е време вашето дете да почне да носи очила?

Читај повеќе