Пијалаци кои луѓето над 60 години треба да ги избегнуваат

Не е само во вашата глава што денес кога имате 60 или повеќе години поинаку го поднесувате алкохолот: колку сме постари, толку е поголема нашата чувствителност на алкохол.

Ако не можете да се откажете од алкохолот, тогаш погрижете се да имате добро здравје. Треба да внимавате што избирате, а еве што велат експертите - кои алкохолни пијалаци треба да ги избегнувате во овие години.

1. Жестоко

Здравствениот експерт Кристина Грин ве советува да заборавите на ваквите пијалаци бидејќи тие се исклучително силни.

„Алкохолните пијалаци нè прават да се чувствуваме посилни, а како што ве тера да чувствувате дека можете сè, постои ризик од физички несреќи. Постои и ризик од комбинација на алкохол и лекови што многу постари луѓе ги земаат, што може да биде исклучително опасно.

2. Вињак

Доктор Марк Дејвис наведува дека некои пијалаци се полоши од другите, а вињакот е една од нив бидејќи предизвикува силен мамурлак, кој тешко може да се толерира во тие години. Овој пијалак има и највисоко ниво на хемикалии кои се формираат при ферментација, а кои се опасни за црниот дроб бидејќи тешко се разградуваат, што ќе предизвика и тешки симптоми на мамурлак.

3. Пиво

Дејвис ги советува постарите да внимаваат какво пиво пијат и додава дека треба да се одлучат за пиво со многу малку или без алкохол. Ако на пивото пишува „светло“, тоа не се однесува на бојата, па може да има многу алкохол, затоа треба да прочитате што стои на декларацијата и да го проверите процентот на алкохол. Ако не можете да издржите пиво без алкохол, тогаш не заборавајте да го пиете во мали количини, но една чаша од овој ладен напиток нема ништо да ви стане.

4. Бело вино

Иако експертите велат дека една чаша вино е добра за здравјето, подобро е да не се консумираат одредени видови. Ако имате 65 или повеќе години, треба да избегнувате бело вино бидејќи содржи големи количини на сулфити, хемикалии кои го подобруваат изгледот и вкусот на виното. Дејвис советува да испиете чаша црвено вино, кои содржи и многу придобивки. Истражувањата тврдат дека црвеното вино е богато со флавоноиди, кои се моќни антиоксиданси и му помагаат на телото да се бори против алергиите, вирусите и канцерогените клетки.

Црвеното вино е добро и за срцето бидејќи го опушта и го стимулира кардиоваскуларниот систем. Како и во сѐ, умереноста е најважна при пиењето вино, па затоа напоменуваме дека е доволна една чаша вино. Оние кои уживаат во мали количини вино уживаат и во добра меморија, продуктивност, здраво ниво на шеќер во крвта и ги намалуваат шансите за развој на рак на дебелото црево.

5. Слатки пијалаци

Ако станува збор за алкохолен сладок пијалак, немојте да мислите дека има многу малку алкохол во нњго. Со оглед на тоа што имаат добар вкус, го „маскираат“ алкохолот, може да се пие повеќе отколку што е паметно, а особено се опасни за луѓето кои имаат одредени состојби, како што е дијабетесот. Според американскиот Центар за контрола на болести, бројот на заболени од дијабетес е зголемен за околу 30%.

„Слатките алкохолни пијалаци се многу опасни за постарите лица кои имаат дијабетес бидејќи содржат јаглехидрати кои во телото ќе се претворат во гликоза. Додавањето шеќери само ја зголемува количината што се ослободува во телото (гликозата) и може само да ви ја отежне контролата на вашата состојба“, заклучува д-р Дејвис.

реклама

Здравје

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Read more

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Read more

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Read more

Храна што треба да ја одбегнувате по 40-тата година

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе