Пике фатен во скандал: За 24 милиони евра договарал Суперкуп во Саудиска Арабија

Голем скандал го потресе шпанскиот фудбал откако беа објавени аудио снимки од разговорите меѓу фудбалерот на Барселона, Жерард Пике, и претседателот на Шпанската кралска фудбалска федерација, Луис Рубиалес, во кои тие преговараат за Суперкупот во Саудиска Арабија.

Пике, кој е познат по организирањето на различни спортски настани со својата агенција Kosmos Holding, во 2019 година се договорил со претседателот на РФЕФ, Луис Рубиалес, натпреварите од Суперкупот да ги префрли на Ријад и на тој начин за четири години да заработи 24 милиони евра.

El Confidencial објави ексклузивна аудио снимка од разговор со претседателот на РФЕФ.

„Види Руби. Ако Реал би добил 8 милиони, исто толку ќе оди и за Барса. Другите два тима ќе добијат 2 и 1 милион. Тоа се 19. Ти задржуваш 6 милиони за лигата, човече. Немаше ништо да заработиш претходно, а сега имаш 6 милиони. Можеме да бараме и повеќе од Саудиска Арабија и да им кажеме дека ако не платат, Реал нема да игра“, му вели Пике на Рубиалес во една од снимките.

URL

Шпанскиот Суперкуп за прв пат се одигра во Саудиска Арабија во 2020 година. Реал ја освои титулата со победата над Атлетико во финалето, додека Барселона и Валенсија беа елиминирани во полуфиналето.

Шпанската кралска фудбалска федерација доби загарантирана добивка од 40 милиони евра, а Рубиалес имаше директна корист од оваа работа бидејќи тоа се одрази на неговата плата.

Од друга страна, агенцијата Kosmos Holding и Пике биле исплатени преку една саудиска компанија.

реклама

Оваа млада Месечина ќе му го смени животот на еден хороскопски знак

Read more

Џигер со кромид натопен во млеко - за најдобар вкус

Read more

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Фудбал

Барела ќе стане најплатен италијански играч во Серија А

Read more

Не е крај додека Баер не даде гол: Леверкузен сезонава 11 пати се спасуваше во надополнувањето

Read more

Проблем за клупскиот мундијал на ФИФА – фудбалерите се заканија со тужба

Read more

Миовски номиниран за играч на сезоната во Шкотска

Read more
 

Спорт

Барела ќе стане најплатен италијански играч во Серија А

Читај повеќе

Не е крај додека Баер не даде гол: Леверкузен сезонава 11 пати се спасуваше во надополнувањето

Читај повеќе

Проблем за клупскиот мундијал на ФИФА – фудбалерите се заканија со тужба

Читај повеќе

Феникс Санс го отпушти Френк Вогел

Читај повеќе

Миовски номиниран за играч на сезоната во Шкотска

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ блесна и му донесе израмнување на Далас во серијата против Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Леверкузен го собори рекордот без пораз и ќе игра финале во Лига Европа против Аталанта

Читај повеќе
  • play_arrow

Проклетство на германските голмани: Нојер го направи истото како Кан против Бразил во 2002

Читај повеќе

Албанија и Србија со заедничка кандидатура за младинското ЕУРО 2027

Читај повеќе