Пике претседател на Барса? Сега не е време, ќе видиме за во иднина

Кога некој ден ќе има услови, Џерард Пике ќе размисли за идејата да се кандидира за улогата претседател на Барселона, но во овој момент поранешниот фудбалер на каталонскиот гигант не помислува на тоа.

Долгогодишниот фудбалер на тимот од „Камп Ноу“ даде опширно интервју за шпанските медиуми во кое нагласи дека клубот во моментов се наоѓа во тешка финансиска ситуација и дека му е жал за тоа.

„Барселона е во многу тешка ситуација. Всушност, таа е во, така да го наречам, мод за преживување, а во исто време повторно освојува трофеи и успева некако да се консолидира. Верувам и се надевам дека ситуацијата брзо ќе се реши, бидејќи раководството на клубот забрзано работи на тоа“, изјави Пике.

„Местото претседател на Барселона не е нешто за што во овој момент размислувам. Меѓутоа, не сакам да кажам дека тоа никогаш нема да се случи. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите во иднина“.

За да ѝ помогне на Барса, Пике се согласи да се откаже од некои долгови што клубот ги имаше кон него, иако тој се обидува тоа да го претстави на поинаков начин.

„Не, Барселона никогаш ништо не ми должела, ниту сега ми должи. Последните година и пол во клубот не играв, така што нема потреба да ми се плаќа било што. Така е ферски“, изјави Пике.

URL

36-годишниот Пике нагласи и дека воопшто не му недостасува фудбалот и дека ужива во пензионерските денови. Во пензија замина на 5 ноември, играјќи на само 6 натпревари во Ла Лига од изминатата сезона и 4 од Лигата на шампионите.

Во 15-те сезони вкупно за Барса одигра 616 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна 53 гола и асистираше за 13.

реклама

Фудбал

ФИФА ги објави кандидатите за наградата Пушкаш

Read more

Костиќ удри по Пикси: Да имавме селектор немаше да изгубиме од Албанија

Read more

Милевски генерално задоволен од нулата со Латвија: Играчите ја оправдаа довербата

Read more

Роналдо им се потсмеваше на Ирците, па го стигна карма и доби црвен

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

ФИФА ги објави кандидатите за наградата Пушкаш

Читај повеќе

Костиќ удри по Пикси: Да имавме селектор немаше да изгубиме од Албанија

Читај повеќе

Милевски генерално задоволен од нулата со Латвија: Играчите ја оправдаа довербата

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо им се потсмеваше на Ирците, па го стигна карма и доби црвен

Читај повеќе

Роберто Манчини има нова работа

Читај повеќе

Ибра ја објасни разликата помеѓу трите најсилни лиги во кои играл

Читај повеќе

Изјавите на Димитриевски ги разлутија челниците на Валенсија

Читај повеќе
  • play_arrow

Германски навивач си ќари дрес и автограм од судијата

Читај повеќе

Прво синот на Зидан, сега брат му на Мбапе: Алжир си ја собира дијаспората

Читај повеќе